Иван Несторовски (Тресонче, – Скопје, ) — македонски геолог и редовен професор на Институтот за географија при ПМФ во Скопје.„Годишен Зборник на Геогр. фак.“, кн. 24 , Скопје.
Животопис Несторовски е роден на 17 март 1921 година, во дебарското село Тресонче. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија, бил еден од пионерите на македонската геологија и многу активен во научноистражувачката дејност од областа на регионалната геологија. Зел учество во изработката на Основната геолошка карта на СФРЈ 1:100.000 (за листовите Охрид, Крушево, Гостивар), а остварил и повеќе проекти од оваа област.
Библиографија Несторовски е автор на неколку дела: Геолошкиот состав и тектонскиот склоп на терените на Сува Гора–Осој–Групчин–долината на Треска, „Трудови на Геолошки завод на СРМ“, св. 10, Скопје, 1963. Појави на јаглен во реонот Катланово - скопско и негово значење, Скопје, 1974 Стратиграфска положба на слоевите од профилот „Кремен II“ на планината Стогово (Западна Македонија), Скопје, 1960 Претходно соопштение за стратиграфијата и тектониката од Бистра-Стогово-Кораб-Дешат (Западна Македонија), Скопје, 1960 Геологија на поширока околина на Лазарополе и Дебар, Скопје, 1968 Тектоника на планината Бистра, Стогово и Кораб со Дешат, Скопје, 1969 Магматски карпи на Бистра, Стогово и Дешат, Скопје, 1970 Инженерско-геолошки услови за градење на ХЕЦ „Бошков Мост Дебарско, Скопје, 1971
Наводи
Категорија:Луѓе од Тресонче Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски геолози Категорија:Југословенски геолози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје