Универзитетот во Поатје () е универзитет кој се наоѓа во Поатје, Франција.

Историја

Универзитетот е основан во 1431 година од страна на Папата Евгениј IV за време на владеењето на кралот Шарл VII, Универзитетот во Поатје најпрво бил составен од 5 факултети: теологија, канонско право, цивилно право, медицина и уметности.

Во 16. век, универзитетот извршил силно влијание врз културниот живот во градот и бил на второ место по оној во Париз. Од 4.000 студенти во тоа време, некои станале познати: Франсоа Рабле, Рене Декарт, Франсис Бекон и др.

По привременото затворање за време на Француската револуција кога биле укинати универзитетите во внатрешноста, Универзитетот во Поатје повторно проработел во 1896. Се отвориле и катедри по наука и книжевност.

Организација thumb|220px|Зградата на Универзитетот (ENSI Poitiers) Универзитетот ги покрива сите поглавни академски домени преку своите 14 оддели, институти и школи:

Истражувачки оддели Оддел за право и општествени науки Оддел за економија Оддел за основни и применети науки Оддел за книжевност и јазици Оддел за хумани науки и уметности Оддел за спортски науки Оддел за медицина и фармација Школи Виша инженерска Националната школа од Поатје (École Nationale Supérieure d'Ingénieurs de Poitiers - Higher National Engineering School of Poitiers) (ENSIP) Институти Политехника од Поатје (IUT) Политехника од Ангулем Институт за Бизнис Администрација (IAE) Институт за Комуникација и Нови Технологии (ICOMTEC) Подготвителен Институт за Општа Администрација (IPAG) Институт за Индустриски, Безбедносни и Финансиски Ризици(IRIAF)

Во 2005 правниот факултет е рангиран на второ најдобро место од страна на француското списание "l'étudiant".

Точки на интерес

Jardin botanique universitaire de Poitiers

Поврзано

Bitard

Надворешни врски

Official website

Категорија:Универзитети во Франција