Кожани () — округ во Егејска Македонија (денес Грција), дел од периферијата Западна Македонија. Зафаќа површина 3.516 км2

Има население од 156.807 жители. Денес најголемиот дел се Грци, но има и Македонци, Власи и др. Административен центар е градот Кожани кој воедно е и најголем и главен град на целата периферија Западна Македонија.

Се граничи на север со Постол, на запад со Костур, на северозапад со Лерин, на исток со Иматија и Пиерија, на југ со Гребен и на југозапад со Лариса во Тесалија.

Општини Округот Кожани се дели на 5 општини, тука наведени со нивните бројки на картата.

Велвендо (Велвендос) (5) Горуша (Војо) (3) Еордеја (2) — Кајларско Кожани (Козани) (1) Серфиџе (Сервија) (4)

Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 17 населени места и сочинуваат околу 8% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 12.000 Македонци.

Поврзано Список на села во Кожани Гребен (округ)

Наводи

Надворешни врски Портал на округот Кожани

Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција