Фехим Хусковиќ (босански: Fehim Husković; Горно Оризари, ) — македонски сликар, графичар и академик од бошњачка народност.
Животопис Хусковиќ е роден на 25 мај 1967 година во велешкото село Горно Оризари. Завршил ФЛУ во Скопје, магистрирал графика, а докторирал на Универзитет за ликовни уметности во Софија, Бугарија. Реализирал преку 95 самостојни изложби во Македонија и низ светот, излагал дела на над 700 групни изложби и учествувал на повеќе од 100 Меѓународни колонии и симпозиуми. Добитник е на дваесетина награди во државава и надвор од неа, како и на 9-то ноемвриското признание на Општина Велес. Хусковиќ е добитник на наградата „Никола Мартиновски“ за 2006 што ја доделува Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Д-р Хусковиќ работи како редовен професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Наводи
Категорија:Луѓе од Горно Оризари (Велешко) Категорија:Македонски Бошњаци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски графичари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски графичари Категорија:Добитници на награди за уметност Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Доктори на Софискиот универзитет