Голешево — село во Општина Свети Врач, во Пиринска Македонија, денешна југозападна Бугарија.

Географија и местоположба алт=Изглед от Голешово|лево|мини|Поглед на Голешово Село Голешово се наоѓа во Благоеврадската област, на северозападното подножје на планина Славјанка (Алиботуш), на надморска височина од 753 метри. Во непосредна близина до него се наоѓа биосферниот резерват "Алиботуш". Голешово е оддалечено 47 километри југоисточно од Свети Врач, на 44 километри источно од Петрич и 39 километри југозападно од Неврокоп. Атарот на селото допира до граничниот појас помеѓу Бугарија и Грција.

Историjа Селото под името Голешово за првпат се среќава во османлиските даночни регистри 1611 – 1617, 1623 – 125 година. Се претпоставува дека името доаѓа од зборот „голеш“, којшто означува „голо“ населено место.

Според легендата, основач на селото е некојси дедо Голјо, којшто прв се населил на местото на денешното село, бегајќи од прогонот на Османлиите. Како и во другите села во тој крај и во Голешово во XVII-XVIII век се населуваат Македонци од Западна Македонија, принудени да ги напустат своите родни краишта од нападите на албанските доселеници. Главна стопанска дејност на населението во тоа време било козарството, кираџиството, печалбарството, како и вадење и преработка на железо.

Во XIX век во селото се изградени две цркви и тоа „Свети Димитриј“ - изградена во 1833 година и „Успение на Пресвета Богородица“ - изградена во 1853 година. алт=|лево|мини|Табла на влезот во селото Во текот XIX век, селото е дел од Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 1.250 жители, сите Македонци.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 2.240 година во Голешово имало 1.800 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 188 – 189. мини|Поранешното училиште

Стопанство

Демографија Голешово е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 14 жители, запишани како Бугари.

На табелата е прикажан бројот на населението во Голeшово за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население163203170833632332614 мини|Споменик на Стоју Хаџиев во центарот на селото

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Во планината близу селото, се наоѓа мала пештера Капе, каде што во 1903 година престојал Гоце Делчев со својата чета.

Редовни настани

Личности Стоју Хаџиев (септември 1880 - 27 септември 1924, Покровник, Горноџумајско) - македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација

Култура и спорт

Иселеништво алт=|мини|Камениот мост

Поврзано Голешово — река во Костурско, Егејска Македонија

Надворешни врски

Наводи