мини|300п|Вотки во разни видови амбалажи
Вотка (, = „водичка“) — жесток пијалак, најчесто безбоен, а се добива со дестилација на житарки или компири. Името на овој пијалак потекнува од словенскиот збор „вода“, како деминутив на руски.
Вотката во главно се состои од алкохол (етанол) и вода. Количината на алкохол во вотката се движи од 35 % до 70 %. Класичната руска вотка има 40 % алкохол. Тоа се препишува на руските стандарди од 1894 година кој ги вовел Александар III, а кои биле засновани на истражувањата на Менделеев, кои подоцна тој ги употребил во својата докторска дисертација под наслов "Комбинирајќи ги алкохолите со вода"."Идеалната формула на вотката е на Менделеев", Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 22. Судејќи според анализите на музејот за вотка во Санкт Петербург, Менделеев дошол до сознание дека совршен процент на алкохол во вотката е 38 %, но сепак тие се одлучиле за цела бројка. По законот во САД, минимален процент на алкохол во вотка е 40 %, додека во Европа е 37,5 %.Gin and Vodka Association, http://www.ginvodka.org/history/vodkaproduction.html
Мешавини Иако во главно вотката се пие „чиста“, без никакви додатоци и состојки во пиењето, во Јужна Европа и скандинавските земји вотката се пие со раствор во други пијалаци, однсно со тоа се добиваат коктели, како што се: Блади Мери, Мартини и др.
Наводи
Категорија:Жестоки пијалаци
Категорија:Русизми Категорија:Руски пронајдоци Категорија:Шведски пронајдоци Категорија:Полски пронајдоци