Тамбо Колорадо е добро зачуван археолошки комплекс од периодот на развитокот на Инките на брегот на денешно Перу. Наоѓалиштето е познато и како Пука Тампу, Пукалакта или Пукахуаси.

Местоположба

Тамбо Колорадо се наоѓа на јужниот брег на Перу во долината на реката Писко околу 40 км од градот Писко, Перу. Во тој регион имало земјотрес во 2007 година, но наоѓалиштето не претрпело големи штети.

Историја Според историските показатели, градот бил изграден во 15 век за време на владеењето на Сапа Инка Пачакутек.

Употреба Се верува дека Инките го користеле ова место како еден од стратешките точки за патната линија приморски брег - Куско.

Музеј

Во близината на археолошкото место, поточно на влезот од истото, се наоѓа археолошки музеј.

Надворешни врски Дигитална архива за Томбо Колорадо

Наводи

Категорија:Градови во Царството на Инките Категорија:Археолошки наоѓалишта во Перу