Проф. д-р Саша Митрев (р. во ) — македонски агроном и универзитетски професор, прв ректор и еден од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Проф. д-р Саша Митрев е автор на повеќе практикуми, учебници, научни и стручни трудови и публикации.
Животопис Основно и средно училиште завршил во Штип. Почнувајќи од 1984 година, тој се запишал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој дипломирал во 1988 година. Во 1988 година, тој се запишал на магистерски студии на Институтот за заштита на растенијата и животната средина, на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, каде магистрирал во 1993 година. Во 1994 година се запишува на докторски студии на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои ги завршил во 1998 година и се стекнал со докторат.Мрежно место на порф. д-р Саша Митрев - „Биографија“
Во 1994 година, тој бил вработен како научен соработник од областа на заштитата на растенијата по фитопатологија во тогашниот Земјоделски институт во Струмица. Во 2000 година, тој бил избран за прв директор на новооснованиот Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица, наследник на Институтот за памук, каде работел во периодот од 2000 до 2006 година.
Во текот на 2006-2007 година, тој бил назначен на функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. Во меѓувреме, од 2004 до 2007 година, тој бил избран за вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и ја организирал наставата по предметот Фитопатологија.
Во текот на 2007 година, тој учествувал во работата на матичната комисија за основање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На 28 јуни 2007 година, тој бил избран за прв ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а на 11 мај 2011 година, тој повторно бил избран за ректор на универзитетот.
Како редовен професор и раководител на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина во текот на 2009 година, тој бил основач на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина која е акредитирана согласно EN ISO/IEC 17025.
Саша Митрев е брат на кардиохирургот Жан Митрев.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на проф. д-р Саша Митрев Објавени научни и стручни трудови на Саша Митрев
Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски ректори Категорија:Македонски агрономи Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Професори на УГД Категорија:Професори на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје Категорија:Ректори на УГД Категорија:Апсолвенти на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје Категорија:Магистри на Новосадскиот универзитет