Катедрала „Св. Спас“ () — римокатоличка катедрала која се наоѓа во Овиедо, Астурија, Шпанија. Катедралата претставува еден од ретките примери во светот каде при изградбата биле употребени поголем број на архитектонски стилови, од барокот до романиката, готиката и делови од ренесансата.
Историја
Каедралата била основана од страна на кралот Фруела I во 781 година, а била проширена во 802 година во времето на астурскиот крал Алфонсо II, време кога градот бил престолнина на Кралството Астурија. Во текот на својата историја, катесдралата на неколкупати била реновирана, реконструирана и слично. Така, во XIII век, епископот Фернандо Алфонсо (1296-1301) ја обновил главната зграда, а неговиот наследник Фернандо Алварес (1302-1321) го започнал манастирот. Кон крајот на XIII век, Гутиере де Толедо започнал со изградба на новата готска базилика која била завршена од страна на неговиот наследник Гулиен. Диего Рамирес де Гусман (1421-1441) изградил два параклиса јужно од централната градба. Алфонсо де Паленцуела (1470-1485) ја довршил градбата, Хуан Даза (1497-1503) изградил односно подигнал подиум за хор, Валерано (1508-1512) ставил прозорци итн.
Зграда
Во целина, катедралата е во стил на готика, но сепак во нејзината изградба како комплекс биле употребени и други архитектонски стилови. Таа е изградена во периодот од XIV век до XVI век во класичен стил.
Наводи
Категорија:Катедрали во Шпанија Категорија:Готска архитектура Катедрала Категорија:Базилики во Шпанија Категорија:Цркви од 8 век Категорија:Цркви во Астурија