XI Зимски олимписки игри се одржале од 3 до 13 февруари 1972 година во Сапоро, Јапонија. За првпат Зимските олимпсики игри биле одржани во Азија.

Прашањето за разликите меѓу професионалниот и аматерскиот спорт, сè уште не било решено. Имено, три дена пред започнувањето на игрите, претседателот на МОК Ејвори Брендиџ изјавил дека 40 апски скијачи може да бидат дисквалификувани, поради вмешаност во рекламирање. Така, австрискиот скијач, Карл Шранк, добил забрана да учествува на игрите, поради тоа што бил платен за рекламирање на компанија за скијачка опрема. Истовремено, хокеарите од источноевропските земји, кои професионално се занимавале со спортот во својата земја, за што биле плаќани, учествувале на игрите.Сапоро 1972, МОК Поради тоа, хокеарската репрезентација на Канада ги бојкотирала игрите, поради тоа што не можела да се засили со професионалци од НХЛ лигата, а морала да се соочи со професионалците во репрезентативците на Советскиот Сојуз и Чехословачка.

Организаторите на игрите заработиле 8,47 милиони $ за доделување на правата за телевизиски пренос од игрите.Washington Post

Избор за град-домаќин Градот Сапоро ја добил организацијата на игрите во 1940, но Јапонија се откажала од организацијата на игрите по Втората сино-јапонска војна. Игрите во 1940 година, подоцна биле откажани и поради започнувањето на Втората светска војна. Сепак, организација на Олимписки игри на градот му била доделена во 1972 година, со што сите градови кои требале да организираат игри за време на Втората светска војна, подоцна биле организатори на Олимписките игри.

Одлуката за доделување на организацијата на Зимските олимписки игри во 1972 година била донесена на 64. седница на МОК, која се одржала во Рим на 26 април 1966 година. Градот бил избран, во конкуренција на Банф, Лахти и Солт Лејк Сити.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1972 Град ЗемјаПрв кругСапоро32Банф16Лахти7Солт Лејк Сити7

Краток преглед Ѕвездени моменти за домашните натпреварувачи имало во спортот скијачки скокови, во кој во натпреварот на малата скокалница ги освоиле сите три медали. Златото го освоил Јукио Касаи, што бил и прв златен медал за Јапонија на Зимските олимписки игри воопшто. Во алпско скијање, големо изненадување приредил Фернандес Охоа пд Шпанија, кој убедливо победил во слалом. Во женска конкуренција, Швајцарката Мари Терез Надиг изненадувачки победила во натпреварите во спуст и велеслалом. Магнар Солберг од Норвешка станал првиот победник, којшто успеал да го одбрани златниот медал во биатлонската трка на 20 км. Во скијачко трчање во женска конкуренција доминирала Галина Кулакова од Советскиот Сојуз, која освоила злато во сите три дисциплини (во трките на 5 и 20 км и во штафетната трка 4х7,5 км). Во брзо лизгање се истакнал исказао Холанѓанецот Адријанус Шенк, кој освоил три златни медали, победувајќи во трките на 1500, 5000 и 10000 m, а поставувајќи притоа два Олимписки рекорди. Холанѓаните толку многу се гордееле со овој успех на нивниот спортист, така што по игрите во негова чест нарекле еден цвет. Игрите биле последни на кои можело да се освои злато за натпреварување со дрвени скии. Оттогаш, врвните скијачи во скијачко трчање се натпреварувале со скии изработени од фиберглас.

Спортови На игрите, биле доделени медали во 35 дисциплини во 6 спортови, а демонстративни спортови повторно немало. Алпско скијање Биатлон Боб Брзо лизгање Хокеј на мраз Санкање Нордиско скијање: Скијачко трчање Нордиска комбинација Скијачки скокови Уметничко лизгање

Земји-учеснички Вкупно 1006 спортисти од 35 земји учествувале на игрите во Сапоро.

20п Бугарија

20п Западна Германија 20п Иран

20п Романија

20п Шпанија

Освојувачи на медали 1 8 5 3 16 2 4 3 3 10 3 4 3 2 9 4 3 4 7 14 5 3 2 3 8 6 20п Западна Германија 3 1 1 5 7 2 5 5 12 8 2 2 1 5 9 1 2 2 5 10 1 1 2 4

Поврзано

Олимписки игри Зимски олимписки игри Меѓународен олимписки комитет

Наводи

Надворшни врски

Сапоро 1972, МОК

Категорија:Спортот во 1972 година