XV Зимски олимписки игри се одржале од 13 до 28 февруари 1988 година во Калгари, Канада. Претходно, градот не успеал да ја добие организацијата на игрите во 1964 и 1968 година. Третиот обид се покажал како успешен, а кандидатурата на калгари г победила оние на Фалун и Кортина д'Ампецо.

По финансиските потешкотии при организирањето на Летните лимписки игри во Монтреал во 1976 година, Канаѓаните морале да смислат нови начини на финансирање, за да не се повтори истиот неуспех. Тоа, доста добро било направено и игрите завршили со значаен профит, а градот доживеал брз стопански развој.

Спортистите од Канада имале многу лош настап, оставајќи ја својата репрезентација без златен медал на игрите, што било послаедователно на успехот на спортистите од СФР Југославија, кои исто така не успеале да освојат златен медал на игрите одржани во нивната земја.

Избор на град-домаќин По двата неуспешни обиди за организација на Зимските олимписки игри во 1964 и 1968 година, градот Калгари ја добил организацијата на игрите во 1988 година. Одлуката од страна на МОК била донесена на 84. седница на комитет, која се одржала во Баден-Баден, Западна Германија. Градот победил во конкуренција на градовите Фалун и Кортина д'Ампецо.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1988 Град ЗемјаПрв кругВтор кругКалгари3548Фалун2531Кортина д'Ампецо18-

Краток преглед Во алпско скијање била воведена дисциплината супервелеслалом во обете конкуренции. Харизматичниот италијански алпски скијач Алберто Томба, на своето прво учество на Зимските олимписки игри, доминирал во спортот, освојувајќи златни медали во слалом и велеслалом. Финецот Мати Никенен бил недопирлив во натпреварите во скијачки скокови, освојувајќи три златни медали. Во брзо лизгање се истакнала Ивоне ван Генип од Холандија, која освоила три злата. Криста Ротенбургер од Источна Германија станала првиот спортист досега, со медали и од Летните и од Зимските олимписки игри. Таа победила во трката на 1000 m во брзо лизгање, а на Летните олимписки игри во Сеул истата година, освоила сребрен медал во велосипедизам. Во уметничко лизгање, Катерина Вит го одбранила златото освоено во женска конкуренција од игрите во Сараево. Британецот Еди Едвардс во скијачки скокови и натпреварувачите од Јамајка во боб четирисед биле далеку од квалитетот на останатите натпреварувачи. Со својот настап, тие успеале да го привлечат вниманието кај некои од публиката. Во чест на натпреварувачите во боб од Јамајка бил снимен филмот „Ледена патека“. Сепак, по овие случувања биле утврдени построги правила за учество на натпреварувачите на Зимските олимписки игри. Така, Едвардс се обидел уште неколкупати да обезбеди учество на игрите, но не успеал. За првпат церемонијата на затворање била одржана на истото место, каде што била одржана и церемонијата на отворање.

Спортови Натпреварите за медали се одвивале во 46 дисциплини во 6 спортови. Демонстративни спортови на игрите биле карлинг, брзо лизгање на кратки патеки и слободно скијање. Скијањето за лицата со посебни потреби претставувало егзибициски спорт. Алпско скијање Биатлон Боб Брзо лизгање Хокеј на мраз Санкање Нордиско скијање: Скијачко трчање Нордиска комбинација Скијачки скокови Уметничко лизгање

Земји-учеснички На игрите учествувале 1423 спортисти од 57 земји. Ова биле првите Зимски олимписки игри за спортистите од Гватемала, Гуам, Јамајка и Холандски Антили. (15) (89) 20п Американски девствени острови (6) (4) (18) (1) (6) 20п Бугарија (26) (6) (6) (1) (1) 20п Западна Германија (90) (3) (59) (3) (58) (4) (48) (22) (22) (112) (13) (13) (3) (2) (4) (13) (1) (3) (11) (3) (3) (9) (63) (48) (33) (9) (5) 20п Романија (11) (5) (6) (101) (117) (8) (5) (1) (53) (1) (69) (11) 20п Холандски Антили (2) (5) (59) (67) (67) (12)

Освојувачи на медали мини|десно|200п|thumb|Медали од игрите во Калгари 1 11 9 9 292 9 10 6 253 5 5 5 154 4 1 2 75 4 0 2 66 3 5 2 107 3 2 2 78 20п Западна Германија 2 4 2 89 2 1 3 610 2 1 2 5

Поврзано

Олимписки игри Зимски олимписки игри Меѓународен олимписки комитет

Наводи

Надворшни врски

Калгари 1988, МОК

Категорија:Зимски олимписки игри