мини|десно|250п|Уметничката галерија „Леди Левер“ мини|десно|280п|„Жртвениот јарец“ од Вилијам Холман Хант Уметничката галерија „Леди Левер“ (англ. Lady Lever Art Gallery) е галерија основана во 1922 од страна на индустрискиот магнат, виконтот Вилијам Левер, сопственик на фабриката за сапуни „Санлајт“ (Sunlight Soap), и е посветена во чест на неговата почината жена.Историја на галеријата „Леди Левер“

Галеријата е сместена во привлечното село Порт Санлајт во Мерсисајд, Англија, кое го изградил самиот лордот Левер. Позната е по тоа што содржи многубројни претставителни дела од британското сликарство од XVIII и XIX век, збирка од мебел од XVIII век, како и извонредна збирка порцелани од прочуениот изработувач „Веџвуд“.Збирка на „Веџвуд“ порцелани во галеријата „Леди Левер“

Галеријата е прогласена за национална знаменитост од II класа, и претставува дел од здружената установа Национални музеи Ливерпул.Национални музеи Ливерпул

Збирка Ликовната збирка на галеријата ги содржи, меѓу другото, и следниве дела:

„Меурчиња“ (Bubbles) „Жртвениот јарец“ (The Scapegoat) „Кромвел на неговата фарма“ (Cromwell on his Farm) „Сон за минатото: Сер Изумбрас во бродот“ (A Dream of the Past: Sir Isumbras at the Ford) „Црниот брауншвајгер“ (The Black Brunswicker)

Наводи

Поврзано Уметничка галерија „Вокер“

Надворешни врски

Страница на галеријата „Леди Левер“ Актуелности во галеријата „Леди Левер“ Личен осврт со фотографии

Категорија:Ликовни музеи и галерии во Англија Категорија:Знаменитости од II класа во Обединетото Кралство