Ванчо Ѓорѓиев (р. во Ново Коњарево, Струмичко, 19 април 1964) — македонски историчар и професор на Катедрата за историја при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон Македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Животопис Роден е во 1964 година во Ново Коњарево, Струмичко. Гимназија завршил во Радовиш. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје 1989 година. Во 1992 година се вработил како помлад асистент во истиот Институтот за историја. Магистрирал 1995 година, а докторската дисертација ја одбранил 2002 година, кога бил избран за доцент. Во 2007 година, тој бил избран за вонреден професор, а во 2012 за редовен професор.

Награди

Добитник е на Манинговата награда за најдобар студент на генерација Добитник на Наградата „Гоце Делчев“

Научни трудови мини|десно|200п|Корица на неговата книга „Подземната република“.

Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското национално ослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997 Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Табернакул - Филозофски факултет, Скопје, 2003 Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници (превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев), Табернакул, Скопје, 2006 Подземната Република, Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2010 ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013 Апостол Петков - Кралот на Блатото, Државен Архив на Република Македонија-Македоника Литера - Скопје, 2013 Анастас Лозанчев, Филозофски факултет - Скопје, 2014 Трајко Китанчев, Филозофски факултет - Скопје, 2015 Андон Јанев - Ќосето, Филозофски факултет - Скопје, 2016 ВМРО 1904-1908. Поглед низ документи, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2020

Наводи

Надворешни врски Страница на проф. Ѓорѓиев - Филозофски факултет Емисија „Ден на Македонската револуционерна борба“ со Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев на YouTube

Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Луѓе од Ново Коњарево Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“