Водачи Претседател - Борис Трајковски Премиер - Љубчо Георгиевски Претседател на Собранието - Саво Климовски (до 30 ноември); Стојан Андов (од 30 ноември)

Настани јануари

11 јануари – на влезот од село Арачиново, тројца припадници на полицијата во престрелка ги загубиле своите животи. 17 јануари – Избувна аферата „Големо уво“. 19 јануари – Во Скопје во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во РМ. 19 јануари – Со рачен ракетен фрлач беше нападната ПС „Осломеј“ во Кичево, при кое беше причинета материјална штета. Одговорноста за овој акт, со Коминике од 30 јануари 2000 година ја презеде ОНА. 24 јануари – Беа усвоени директивите на Европската Комисија предложени до Советот на ЕУ, што се однесуваат на подигнувањето на нивото на соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ, како и на формалното започнување на преговорите за потенцијално членство во ЕУ;.

февруари thumb|десно|100px|ОМО Илинден - Пирин прогласена за нелегална 2 февруари - Со рачна бомба беше извршен напад врз објект на УВР - Куманово, при кое беше предизвикана материјална штета. 26 февруари - Уставниот суд на Бугарија ја прогласи за неуставна ОМО Илинден-Пирин. Водачот Сингартијски најавува тужба до Европскиот суд во Стразбур.

март thumb|десно|100px|ПЗУ „Филип Втори“ март – со отворањето на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и со назначување на прв шеф на Делегацијата, односите меѓу Република Македонија и ЕУ беа подигнати на амбасадорско ниво; 1 март – Започна да работи ПЗУ „Филип Втори“. 8 март – Со рачен ракетен фрлач беше извршен напад на објектот на УВР - Тетово, при кое беше предизвикана материјална штета. 14 март – Претседателот на РМ Борис Трајковски донесе уредба за видот на униформите на припадниците на АРМ. 20 март - НАТО го започна своето бомбардирање на СР Југославија. Околу 350,000 етнички Албанци од Косово побегнаа во кампови во Македонија. 25 март - Основан е Демократскиот сојуз.

април

1 април – Воведен е Данок на додадена вредност. 5 април – согласно Лисабонската Одлука на Европската Комисија, официјално започнала првата рунда на преговорите помеѓу Република Македонија и ЕУ за ССА. Преговорите за ССА се реализирале во значително краток период (април - ноември 2000) низ 3 рунди на главни преговори и 5 средби на експертско ниво односно технички преговори;. 21 април – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието "Современа македонска одбрана".

мај 24 мај - Основано Здружение „Радко“ како здружение на Бугарите во Македонија. 19 мај - Македонија е една од основачите на Групата Вилнус, заедно со Албанија, Бугарија, Романија, Словенија, Словачка, Летонија, Естонија и Литванија. Хрватска се приклучува во 2002 годинаwww.a1.com.mk.

јуни јуни – за време на седницата на Европскиот Совет во Фиера, била прифатена перспективата (одредбата) за потенцијално членство на Македонија во ЕУ. јуни – Отворена дипломатска мисија на Украина во Република Македонија. 16 јуни – Основана е Првата гранична бригада на Армијата на Република Македонија.

јули thumb|десно|100px 5 јули - Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“.

август

септември

10 септември - Во Р Македонија се одржани вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалници и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со Скопје. 25 септември - Во Скопје, првпат од отворањето на Центарот за пресадување при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања коскена срцевина во Македонија.

октомври 16 октомври – Врховниот командант на вооружените сили и претседател на РМ Борис Трајковски и го предаде военото знаме на Првата пешадиска бригада од силите за брзи реакции од првиот корпус на АРМ. Со тоа е промовирана почетната оперативна готовност на Бригадата. 17 октомври – Основан е Фонд за здравствено осигурување на Македонија.

ноември

декември 19 декември – Во Скопје, во Воената академија на РМ, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО. 24 декември - маргините на Самитот во Загреб, била парафирана ССА.

Култура Музика thumb|десно|100px|XXL на Евровизија

Основана е музичката група Нон Стоп Основана е музичката група Легијата На Евровизија 2000, Македонија ја претстави групата XXL со песната 100% те љубам. Синот божји, албум на Тоше Проески. Јас имам песна, албум на Каролина Гочева. Спиј мирно моја плането, албум на Благица Павловска Home, албум на Зоран Маџиров Врати на имагинација, албум на Ареа North Atlantic Balkan Express , албум на Кисмет.

Книги и списанија

Депонија од Славко Јаневски Само сказни од Коле Чашуле Болно племе од Коле Чашуле Жената со птичја глава од Томе Арсовски Внатрешен предел од Матеја Матевски Кртечина од Јован Котески Псалми од Михаил Ренџов Она од Богомил Ѓузел Глас крепител од Тодор Чаловски Името. Родот. Имотот од Бранко Цветкоски Папокот на светот од Венко Андоновски Црни куклички од Венко Андоновски Планетата на неискуството од Гоце Смилевски Постојното, плимата од Јовица Тасевски - Етернијан Освојување на реалноста од Милан Ѓурчинов Жедна ноќ од Ристо Јачев Гатанки и прашанки од Ненад Џамбазов Деветте круга на пеколот од Александар Алексиев Превод на мртвите од Зоран Анчевски Стариот бисер и Заk од Андромеда од Борис Апостолов Раздробување на зборот од Борис Апостолов Заиграј, веќе, мастилаво од Маја Апостолоска Вечери кај шардаванот од Михо Атанасовски Воин на зборот од Димитар Башевски Песни за потопот од Видое Видичевски Приказни за Дамјана од Видое Видичевски Меланхолија од Паскал Гилевски Маршот на зелените од Ристо Давчевски Темно место од Славе Ѓорѓо Димоски

Филм и телевизија

Пуштена во етерот MRT Sat. Погрешно време, телевизиска серија. Премиера на Омнибус А во режија на Маја Младеновска, Огнен Димитровски, Борјан Зафировски и Марија Џиџева. Копнеж по глината, документарен филм во режија на Љупчо Тозија. Богородица 90 во режија на Лаки Чемчев. Вета, докеументарен филм во режија на Теона Митевска.

Објекти thumb|десно|100px|Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид

Камен темелник на црквата Св. Климент и Пантелејмон во Охрид. Камен темелник на црквата Св. Недела во Канада. Камен темелник на црквата Св. Климент и Наум Охридски во Хамзали. Камен темелник на црквата Св. Петка и Св. Недела во Тетово. Камен темелник на црквата Св. Димитрија Солунски во Теарце. Камен темелник на црквата Покров на Пресвета Богородица во Мралино. Осветена црквата Св. Никола во Сирула. Осветена црквата Св. Наум Охридски во Чанаклија. Изградена црквата Св. Константин и Елена во Вратница. Изградена црквата Св. Вознесение во Криволак. Изградена црквата Успение на Пресвета Богородица во Ракотинци. Реконструкција на црквата Св. Никола во Опеница.

Останато

Формиран оддел Генерален секретаријат на Владата на Македонија. Воспоставена е Скопската бискупија.

Спорт

Фудбал ФК Слога Југомагнат стана шампион по фудбал во сезоната 1999/2000 година. ФК Слога Југомагнат го освои купот на Македонија. Квалификации за светското првенство во фудбал (2002)

* Пријателски натпревари

Кошарка КК Гостивар Николферт стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК МЗТ Скопје го освои купот на Македонија. КК Гостивар го освои суперкупот на Македонија. Ракомет

8 декември 2000 19 – 20 9 декември 2000 19 – 19 10 декември 2000 19 – 27 12 декември 2000 27 – 27 13 декември 2000 31 – 28

Олимписки игри

Македонија учествуваше на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј. На овие Олимписки игри, Македонија го освои првиот медал како самостојна земја-учесничка на Олимписките игри. Могамед Ибрагимов освои бронза во борење. Тоа беше единствениот медал македонските Олимпијци на овие Олимписки игри. На игрите, Македонија ја претставуваа 8 спортисти во 4 спортови.

Починати thumb|лево|100px|Јонче Христовски thumb|десно|100px|Лазар Колишевски

Јонче Христовски, македонски пејач. Христо Георгиевски, македонски поет. Лазар Колишевски, македонски комунистички државник. Томислав Зографски, македонски композитор. Ацо Ангеловски, македонски бранител. Ерол Готак, македонски бранител,. Кирил Петрушевски, македонски бранител.

Родени

Барбара Поповиќ, македонска пејачка.

Наводи