Урбанистички планови се планови за уредување и користење на просторот во рамките на планскиот опфат на град, село или друго подрачје утврдено во планот.

Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следните четири вида урбанистички планови:

Генерален урбанистички план (на ниво на град), Детален урбанистички план (на ниво на дел од град), Урбанистички план за село (на ниво на село), и Урбанистички план вон населено место (на ниво на подрачје надвор од град или село).

Кај различните урбанистички планови има хиерархиска подреденост. Деталниот урбанистички план му е изработен според генералниот урбанистички план. А генералниот урбанистички план е изработен според Просторниот план на Република Македонија

Поврзано Просторен план на Република Македонија

Извори

Категорија:Урбанизам