Дејан Лилиќ (роден на во Скопје) — македонски театарски, филмски, телевизиски и гласовен глумец, како и телевизиски водител. Тој бил директор на Македонскиот народен театар.

Животопис

Лилиќ бил роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Во 1997 година, тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 1998 година, тој почнал да работи како глумец во Драмски театар Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски установи и продукциски куќи. Покрај глумата, вклучен е и во општествениот живот како водител на разни јавни настани. Од 2007 до 2010 година, тој бил уметнички директор на Драмскиот театар Скопје. Од 2010 до 2015 година, тој бил директор на Македонскиот народен театар. Бил водител на неколку емисии на Сител ТВ, А1 ТВ и Алфа ТВ. Меѓу последните телевизиски проекти како водител се: „Листа за триста” на Сител, „20 секунди” на Македонската телевизија, "РеТрн" на порталот Трн.мк и "Седмо небо" на Канал 5 Телевизија.

Поважни театарски улоги

Филмографија |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |1990-ти▲ |- | 1997 || Џипси меџик ТВ филм|| UN војник |- |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |2000-ти▲ |- | 2001 || Одмазда ТВ филм|| Насте |- | 2001 || Во светот на бајките ТВ-серија || Принцот |- | 2002 || Заведени ТВ серија|| |- | 2002 || Наше маало ТВ-серија || Тренер |- | 2003 || Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серија|| Дамјан |- | 2006 || Американецот ТВ филм|| |- | 2007 || Досие-К ТВ филм|| Инспектор Диме |- |- style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |2010-ти▲ |- | 2010 || Пилот ТВ-филм || Дамјан |- | 2011 || Трето па машко ТВ филм || Тони |- | 2012 || Скопје ремикс ТВ филм || |- | 2012 || Betrayal ТВ филм || |- | 2013 || Тиквешко востание ТВ-серија || |- | 2013 || Тврдокорни ТВ филм || Николај |- | 2014 || Кум ТВ-серија || Душан |- | 2015 || 12 мајмуни ТВ филм || Таксист |- | 2015 || Лазар ТВ филм || Тони |- | 2016 || Ослободување на Скопје ТВ филм || Милчо |- | 2017 || Коливо краток филм || Сотир |- | 2017 || Фамилијата Марковски ТВ серија|| др. Горан |- | 2017 || На терапија ТВ серија|| Татко на Ивана |- | 2017 || Инсајдер ТВ серија|| Драган |- | 2017 || Допир краток филм|| |- | 2017 || Црно и бело краток филм|| Татко |- | 2017 || Македонија ТВ-серија || |- | 2018 || Сонот на крвта и душата ТВ филм|| Марко |- | 2019 || Дедо и внук ТВ-филм || Внукот |-style="background: Lavender; text-align:center; " | colspan="4" |2020-ти▲ |- | 2020 || Стела ТВ-филм || Александар |- | 2020 || Хомо ТВ-филм || Дамир |- | 2021 || Несигурна смрт ТВ-филм || |- | 2021 || Кино „Љубов“ ТВ-филм || Коста |- | 2022 || Си беше еднаш еден звук (ВИРТУОСО) ТВ-филм || Дамјан |- | 2022 || Кајмак ТВ-филм || Јоаким |- | 2022-2023 || Бистра вода ТВ-серија || Дамјан |- | 2025 || Бунтовната Принцеза ТВ-филм || Кезабаор |- | 2026 || Симфонија на Скопје ТВ-филм || Пензионер |- | 2026 || Збогум, Копакабано ТВ-филм || Миле Рабит

Награди 2012, Награда за најдобра споредна машка улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 2011, Награда „Љубомир Муца Драшкиќ“ за најдобар глумец на вечерта на меѓународниот театарски фестивал „Муцијеви дани“, Театар „Атеље 212“, Белград, Србија, за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ 2011, Златна награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ р. Дејан Пројковски, на биеналниот Меѓународен театарски фестивал „Глумбал“ во Ниш 2011, Награда за најдобра машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ 2010 Награда за најдобар глумец за претставата „Хамлет“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“, 2010 2010 Награда „Златна маска“ во Светот на успехот - Препознаени и признаени од граѓаните на Р Македонија 2010 Награда „Златна Бубамара на популарноста“ 2009 Награда за најдобар глумец за претставата „Александар“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“, 2006 Награда „Ристо Шишков“ на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица за улогата на Помалиот брат во претставата „Превртувач“ од Ненад Вујадиновиќ, во режија на Јовица Павиќ 2004 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината 2004 Награда за најдобро глумечко остварување на 39-от МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин 2001 Награда за најдобро глумечко остварување на 36-от МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп за улогата на Стево во претставата „Диво месо“ и улогата во претставата „Кандид во земјата на чудата“ 2001 Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Александар Македонски во претставата „Мацедоине- Одисеја 2001“ која ја доделува весникот „Вечер“ 2000 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината 1998 Награда за најдобра епизодна улога во претставата „The lover“ од списанието „Екран“ 1997 Прогласен за млад глумец на годината според списанието „Екран“

Наводи

Надворешни врски Филмографијата на Лилиќ Лилиќ на страната на Македонскиот информациски филмски центар Официјален обожавателски клуб на Дејан Лилиќ

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски Срби Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје