Буков крин или мартагон„Мартагон“ - Набу речник (лат. Lilium martagon) е вид на лилјан. Автохтониот ареал му е доста широк, протегајќи се од централна Европа до северна Азија, Монголија и Кореја. Познати се неколку подвидови. Растението се вкоренува од стебло, и достигнува височина од 1–2 m. Цветот му е претежно розово-виолетов со темни дамки, но знае прилично да варира, од скоро бел, па сè до скоро црн. Цветовите му се миризливи. Секое растение има голем број цветови, со тоа што побујните имаат дури и по 50.
Галерија
Наводи The European Garden Flora, 1986.
Надворешни врски
Категорија:Лилјани Категорија:Флора на Алпите Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа