Свети Атанасиј — гробишна црква во тетовското село Волковија, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена во северниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата била подигната во времето кога постоело старото село Волковија, но подоцна како и селото била срушена. Во 1940-тите години, Јован Трифуноски има запишано дека од разурнатиот храм има само незначителни трагови.
Над влезната врата има натпис на српски јазик на која се споменува дарот на вратата на самата црква од 1929 година.
Изградена е со донации на селаните и на родителите на познатиот југословенски глумец со волковско потекло Данило Бата Стојковиќ.
Архитектура
Изградена е во правоаголна форма со крст од ковано железо на врвот. Внатре се наоѓа камен крст пред олтарот остаток од некогашен храм. За потребите на црквата изградена е и сала за собири.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Волковија
Наводи
Надворешни врски
Волковија