Триесетгодишната војна претставува еден од најголемите воени конфликти од европската историја. Триесетгодишната војна била војна која траела од 1618 до 1648 година. Поголемиот тек од војната се водела на територијата на денешните држави Германија и Чешка. Во војната биле вклучени односно учествувале најголемите европски континентални сили. Иако во почетокот војната имала верски и религиозен карактер помеѓу Протестантите и Католиците, сепак соперништвото помеѓу хабсбуршката династија и останатите сили имала централна улога, кое се гледа по влегувањето на Франција во војната и тоа на страната на Протестантите.

Војната, која траела триесет години придонела до создавање на голем глад и болести помеѓу населението и намалување на населението на Германија, Ниските Земји и Италија. Оваа војна завршила со потпишувањето на Вестфалскиот договор, од кој Германија можеби најмногу пострадала, Шпанија ослабнала а Франција станала доминантна сила во Европа. По крајот на војната било ставено крај на подемот на хабсбуршката династија, зголемување на силата на Бурбонската династија и Шведската империја.

Причини за војната

Аугсбуршкиот мир од 1555 година кој бил потпишан во градот Аугсбург го дал почетокот на соживотството помеѓу лутеранските и католичките верници во Германија. Како главен принцип на договорот била фразата: „Чија е империјата, негова е и верата“ (латински: cuius regio eius religio).

Едни од поважните одредби од тој мировен договор се:

германските кнезови (255) можеле слободно да одберат која од двете вери (лутеранство и католицизам) ќе биде како службена вера на нивните управни региони; лутеранците можеле да ја задржаат територијата која ја освоиле од католиците по мирот од 1552 година; католичките епископи, кои ја промениле својата религија, морале да ја предадат својата епархија на католиците; по определен предложен период, населението требало да се пресели во регионите каде била дозволена нивната религија. Како религија се спомнува и се однесува само на лутеранството и католицизмот;

Во текот на 17 век, политички и економски се зголемиле тензиите помеѓу најмоќните народи во Европа. Така:

Шпанија била заинтересирана за дел од територијата на тогашна Германија, бидејќи таму се наоѓала под нејзината управа Холандија; Франција била заинтересирана за делови од Германија, бидејќи таа била еден од најслабите соседи во тоа време, за разлика од хабсбуршките земји кои биле околу останатите делови на земјата; Шведска и Данска биле заинтересирани да добијат контрола над северните германски држави, кои се граничеле со Балтикот.

Но, верската напнатост започнала да се зголемува сè повеќе. Ова најмногу се осетило кон втората половина на 16 век. Аугсбуршкиот мир од 1555 година не се почитувал во голема мера, бидејќи поединци-епископи кои ја промениле својата вера, не ја предавале својата епископија како што биле задолжени според договорот. Калвинизмот се ширил многу брзо низ Германија, на кој начин станала трета најголема религија во земјата. Некои католички владетели во Шпанија и дел од Источна Европа настојувале да ги повратат своите католички влијанија од протестантите.

За разлика од шпанските Хабсбурзи, хабсбуршкиот владетел на германските земји Карло V станал доста потолерантен. Фердинанд I, Максимилијан II, Рудолф II и Матијас I ја продолжиле толерантноста кон верата, бидејќи во преден план биле свесни околу опасноста која може да и се случи на нивната империја, како и од помислата за тоа низ што сè поминала Кралство Англија кога кралот Хенри VIII во 1534 година ја започнал својата политичка и верска нетолеранција кон Римокатоличката црква. За миг, во внатрешноста на Светото Римско Царство бил избегнат верскиот конфликт, главно поради забраната за слободно ширење на верата. Од друга страна пак, ова многу ги вознемирило оние коу посакувале да постои само една вера и религија на стариот континент. Шведска и Данска, како лутерански кралства, постојано барале начин како да подпомогнат на протестантите кои живееле во внатрешноста на Светото Римско Царство.

Оваа напнатост помеѓу народите довела до избувнување на насилие во 1606 година во германскиот град Донауверт. До неред дошло откако лутеранската црква ги спречила католиците од швабскиот град да одржат процесија. По ова интервенирал Максимилијан I Баварски, кој застанал на страната на католиците. По крајот на нередите, калвинистите во Германија се чувствувале како најзагрозени, па затоа во 1608 година основиле протестантска унија на чие чело застанал Фридрих IV Палатински, чијшто син пак ќе има голема улога во т.н. Триесетгодишна војна. Фридрих IV Палатински ја зел под контрола Рајнската област, една од државите на Рајна, која ја посакувале шпанските Хабсбурзи. Како одговор од основувањето на Протестантската унија, католиците одговориле во 1609 кои пак основале Католичка унија, на чие чело застанал Максимилијан I Баварски.

Матијас, кој бил цар на Светото Римско Царство и крал на Чешка, починал во 1619 година и не оставил свој директен наследник. Негов наследник бил Фердинанд II, кој бил заколнат католик. Самиот император посакувал да ја обнови католичката вера на ниво на целата земја. Поради ова, тој бил сосема непопуларен во хуситичка Чешка. Побуната на нејзините жители против одлуките и намерите на Фердинанд биле повод за започнување на Триесетгодишната војна.

Триесетгодишната војна би можела да биде поделена во четири фази:

Чешката побуна Данската интервенција Шведската интервенција Француската интервенција

Чешка побуна

220px|thumb|left|Фердинанд II, крал на Бохемија од 1617 и Свет Римски император од 1619 година.По смртта на императорот Матијас и неоставањето на машки наследник, Матијас уште пред својата смрт настојувал Фердинанд II да го зазеде неговиот престол по неговата смрт, како крал на Чешка и Унгарија. Протестантските водачи на Чешка најмногу се плашале од фактот да не ги изгубат своите верски права кои претходно ги добиле во времето на Рудолф II. Поради ова, тие главно барале на престолот да застане Фридрих V Палатински како крал на Чешка. Сепак, некои други протестантски унии зазеле сличен став како и католиците, па така Фердинанд II бил избран во 1617 година за престолонаследник, а по смртта на Матијас станал и крал на Чешка.

Новиот император бил голем застапник на католизмот. Главно поради ова се довело до нарушување на верските слободи и права за оние кои не ја прифаќале католичката вера. Освен тоа, новиот император бил и голем апсолутист и честопати ги нарушувал секуларните права на своите поданици. Бидејќи помеѓу кралскиот двор имало и такви кои го прифаќале протестантството, новиот крал многу бргу станал непопуларен помеѓу населението, проследено преку избувнување на побуна против него.

Чешките протестанти на 22 мај 1618 година заробиле најпрвин двајца императорски управители и еден писар и при тоа ги исфрлиле преку прозорецот на Прашката палата, без да ги ранат посебно. Овој настан е поснат како Прашка дефенестрација или трета прашка дефенестрација. И покрај тоа што императорските службеници не биле тешко повреденим сепак таа акција претставувала повреда на достоинството на Фердинанд. По оваа акција започнала побуна која довела до започнување на Триесегодишната војна.

Побуната се проширила низ цела Чешка. Таа ги опфаќала териториите на Чешка, Полска, Лужица и Моравија. За многу краток период, движењето се префрлило и во соседна Германија. Така, Фердинанд II бил принуден да побара помош од својот роднина, кралот на Шпанија, Филип IV од Шпанија. Од друга страна, чешките протестанти упорно барале сојузници кои би застанале на страната против императорот. Тие побарале да бидат примени во Протестантската унија која била водена од страна на Фридрих V Палатински, еден од кандидатите за крал на Чешка. Чесите лажно му обеќале на Фридрих дека доколку ги прими во Протестантската унија и ако унијата им пружи заштита, тој ќе биде идниот крал на земјата. Истото му го обеќале и на војводата од Савоја, кнезот на Саксонија и кнезот на Трансилванија.

Кон чешките протестанти се придружиле и дел од населението на Горна Австрија каде живееле доста лутеранци и калвинисти. По ова, движењето ја зафатило и Долна Австрија по кое протестантската армија на чело со грфот од Турн во 1619 година го опседнале градот Виена. Во Трансилванија, кнезот Габриел Бетлен повел поход против Унгарија.

Така императорот не му останало ништо друго освен да ја реформира својата армија. Припадниците на Протестантската унија на чело со грофот Манфред доживеале пораз на 10 јуни 1619 година во Битката кај Саблата. Овој пораз на протестантите ја оневозможил комуникацијата на грофот со Прага, по кое тој морал да ја прекине опсадата на Виена. По поразот кај Саблата, протестантите изгубиле и значајни свои поддржувачи и сојузници, војводата од Савоја, кој бил значаен противник на Хабсбуршката експанзија. Документацијата која била запленета по битката послужела да војводата се откаже од натамошно финансирање на протестантите.

Горна и Долна Австрија потпишале сојуз со Чешка на 22 август 1620 година, според кој Фердинанд II формално бил симнат од власт, а на негово место застанал Фридрих V Палатински. Шпанија во исто време ја испратила својата армија кон Брисел под раководство на Амброзио Спиноле. Шпанскиот амбасадор во Виена успеал да ја наговори протестантска Саксонија да интервенира против Чешка, а како противуслуга да го добие Лужица. Саксонците ја нападнале Чешка, а шпанската армија интервенирала на запад спречувајќи ги членовите на Протестантската унија да дојдат на помош во Чешка. Шпанскиот амбасадор на баварскиот војвода му понудил сојуз за заштита на Католичкиот сојуз.

десно|мини|upright=1.2|Чешко-палатинска фаза од војната Под раководство на Јохан Церклас Тили, силите на Католичката унија ја презела Горна Австрија, а царската војска извојувала победа во Долна Австрија. По ова следувало одединување на силите на царската војска и Католичкиот сојуз по кое тие тргнале на поход кон Чешка. Фердинанд II во Битката кај Била Гора, на 8 ноември 1620 година го победил Фридрих V Палатински. Територијата на Чешка била заземена, а протестантското население или било прогонето или му било наложено да ја прифати католичката вера. Чешка со овој чин станала католичка земја, а под власта на Хабсбуршката династија земјата останала во следните 300 години. Поразот придонел да Фридрих биде лишен од сите свои поседи и имоти, а неговите територии биле предадени на католичките аристократи и семејства. Неговата титула, кнез, била предадена на Максимилијан I од Баварија. И покрај тоа, Фридрих продолжил со своите активности кои биле насочени кон добивање на поддршка кај Холандија, Данска и Шведска.

Овој пораз нанел голем удар на Протестантството. По задушување на востанието целиот имот на пртестантите бил конфискуван, тие биле дискриминирани. Како основна и крајна цел на Католиците било прифаќање на Римокатолицизмот. Шпанија ја зазела Рајнската област-Пфалц. Сите се подготвувале за нова војна. Првата фаза на војната во Источна Германија завршила во корист на Габриел Бетлен од Трансилванија, кој со мирот од 1621 година тој добил територии од денешна Унгарија.

Некои историчари, периодт од 1621 до 1625 година го сметаат за посебна фаза од војната, и истите го нарекуваат Палатинска фаза. Поразот на протестантите кај Бела Гора го означил новиот период од историјата на Чешка. Голем број на протестанти побегнале во Холандија. Скандинавските земји се подготвувале за противнапад.

Данска интервенција thumb|200px|Кристијан Дански

Кралот на Данска, Кристијан IV Дански (1577-1648) бил лутеран, а како војвода на Холштајн бил потомок од Светото Римско Царство. Тој ги помагал лутеранските влладетели во војната против Светото Римско Царство, плашејќи се дека е можно данскиот суверенитет како протестантска нација да биде загрозен. Во текот на првата фаза од војната остварил и територијални придобивки во Северна Германија. Хамбург во 1621 година го признал суверенитетот на Данска, а синот на Кристијан станал епископ на Бремен.