Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во тетовското село Милетино, Македонија.
Црквата претставува парохиски храм на Милетинската парохија.
Местоположба
Црквата е сместена во средишниот дел на селото.
Историја
Црквата била изградена во периодот 1916-1919 и го добила истото име по стариот храм, кој некогаш постоел.
Според натписот на црквата, храмот бил осветен на 21 август 1922 година од страна на скопскиот митрополит Варнава.
Архитектура
Црквата претставува еднокорабна градба со покрив на две води, а во централниот дел има купола. Од западната страна се издигнува висока кула-камбанарија на четири нивоа, со пристап од внатрешната страна на црквата. Фасадата на црквата е малтерисана и варосана со бела боја.
Внатрешноста на црквата е обложена со дрвена ламперија.
Фрескоживопис
Живописот во црквата е од 1927 година и е зачуван во темето и октогоналниот тамбур на куполата, во полукалотата на апсидалната ниша, во нишата на проскомидијата и странично помеѓу прозорските отвори. Од овој период е и фасадниот живопис во камбанаријата. Живописот го насликал зографот Данаил Фрчкоски од Галичник.
Сегашната состојба на живописот е во лоша состојба.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Милетино
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Успението на Пресвета Богородица во Македонија