Во телекомуникациите, битовата стапка (bitrate) или проточноста на преносот на податоците претставува просечен број на битови, знаци или блокови по единица време кој проаѓа од една до друга направа по пат на систем за пренос на податоци. Ова најчесто се мери со содржатели на единиците бит во секунда или бајт во секунда.
Појаснување За да се биде што е можно појасен, мора да се знаат и претставката и наставката на единицата. На пример, кратенката „2 mb“ може да се разложи на 4 различни начини („мега-“ наспроти „меби-“ и „-бит“ наспроти „-бајт“). Разликата во односните броеви може да биде огромна:
Единица Битови Битови / 1.000.000 Мега-бит 1.000.000 1,0 Меби-бит 1.048.576 1,05 Мега-бајт 8.000.000 8,0 Меби-бајт 8.388.608 8,39
Табелата погоре прикажува приближно 5% разлика помеѓу соодветните мега- и меби- единици со 700% разлика помеѓу -бит и -бајт единиците. Точната употреба на единиците е од голема важност бидејќи различните толкувања можат да доведат до 740% разлика во количината на податоци што се зема во една единица (разликата може да стане и поголема за единици со различна претставка).
Претставка: к наспроти Ки
'к-' означува кило, што изнесува 1.000, додека пак 'Ки-' означува „килобинарно“, што изнесува 1.024. Стандардизираните бинарни претставки како Ки- се релативно скоро воведени и сè уште не се нашироко прифатени. 'К-' честопати се користи со значење 1.024, особено кај 'КБ' (килобајт).
Наставка: б наспроти Б
'б' значи 'бит', а 'Б' значи 'бајт'. Меѓутоа некои велат дека 'бит' не треба да крати бидејќи тој е веќе кратенка од „бинарен број“, а разликата помеѓу битот и бајтот може да доведе во забуна. Во контекст на единици за проточност, еден бат се однесува на 8 бита. На пример, кога се рекламира линија од „1 Мб/с“, обично значи дека максималната достижна брзина на преземање е 1 мегабит/с (милион бита во секунда), што е всушност 0,125 МБ/с (мегабајт во секунда), или околу 0,1192 МиБ/с (мебибајт во секунда).
Децимални содржатели на битот Килобит во секунда
Килобит во секунда (кбит/с или kbps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.000 бита во секунда или 125 бајти во секунда.
Мегабит во секунда
Мегабит во секунда (Мбит/с или Mbps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.000.000 бита во секунда или 1.000 килобита во секунда или 125.000 бајти во секунда.
Гигабит во секунда
Гигабит во секунда (Гбит/с или Gbps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.000 мегабита во секунда или 1.000.000 килобита во секунда или 1.000.000.000 бита во секунда
Терабит во секунда
Терабит во секунда (Тбит/с или Tbps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.000.000.000.000 бита во секунда 1.000.000.000 килобита во секунда или 1.000.000 мегабита во секунда или 1.000 гигабита во секунда или 125.000.000.000 бајти во секунда.
Бинарни содржатели на битот
Кибибит во секунда
Кибибит во секунда (Кибит/с или Kib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на 1,024 бита во секунда. Зборот „кибибит“ не се пишува со големи букви, туку само кратенката „Кибит“.
Мебибит во секунда
Мебибит во секунда (Мибит/с или Mib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.048.576 бита во секунда или 1.024 кибибита во секунда.
Гибибит во секунда
Гибибит во секунда (Гибит/с или Gib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.073.741.824 бита во секунда или 1.048.576 кибибит во секунда или 1.024 мебибита во секунда.
Тебибит во секунда
Тебибит во секунда (Тибит/с или Tib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.099.511.627.776 бита во секунда или 1.073.741.824 кибибита во секунда или 1.048.576 мебибита во секунда или 1.024 гибибита во секунда.
Децимални содржатели на бајтот
Килобајт во секунда Килобајт во секунда (кБ/с или kBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 8.000 бита во секунда, или 1.000 бајти во секунда, или 8 килобита во секунда.
Мегабајт во секунда Мегабајт во секунда (МБ/с или MBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 8.000.000 бита во секунда, или 1.000.000 бајти во секунда, или 1.000 Килобајти во секунда, или 8 мегабита во секунда.
Гигабајт во секунда Гигабајт во секунда (ГБ/с или GBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 8.000.000.000 бита во секунда, или 1.000.000.000 бајти во секунда, или 1.000.000 килобајти во секунда, или 1.000 мегабајти во секунда, или 8 гигабита во секунда.
Терабајт во секунда Терабајт во секунда (ТБ/с или TBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 8.000.000.000.000 бита во секунда, или 1.000.000.000.000 бајти во секунда, или 1.000.000.000 килобајти во секунда, или 1.000.000 мегабајти во секунда, или 1.000 гигабајти во секунда, или 8 терабита во секунда.
Бинарни содржатели на бајтот
Кибибајт во секунда
Кибибајт во секунда (КиБ/с или KiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.024 бајти во секунда, или 8 кибибита во секунда, или 8192 бита во секунда.
Мебибајт во секунда
Мебибајт во секунда (МиБ/с или MiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.048.576 бајти во секунда, или 1.024 кибибајти во секунда, или 8 мебибита во секунда, или 8192 кибибита во секунда, или 8.388.608 бита во секунда.
Гибибајт во секунда
Гибибајт во секунда (ГиБ/с или GiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.073.741.824 бајти во секунда, или 1.048.576 кибибајти во секунда, или 1.024 мебибајти во секунда, или 8 гибибита во секунда, или 8192 мебибита во секунда, или 8.388.608 кибибита во секунда, или 8.589.934.592 бита во секунда.
Тебибајт во секунда
Тебибајт во секунда (ТиБ/с или TiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на: 1.099.511.627.776 бајти во секунда, или 1.073.741.824 кибибајти во секунда, или 1.048.576 мебибајти во секунда, или 1.024 гибибајти во секунда, или 8 тебибита во секунда. 8192 гибибита во секунда, или 8.388.608 мебибита во секунда, или 8.589.934.592 кибибита во секунда, или 8.796.093.022.208 бита во секунда.
Формули за претворање
НазивСимболбит во секундабајт во секундабит во секунда (формула)бајт во секунда (формула)бит во секундабит/с10,12511/8бајт во секундаБ/с8181килобит во секундакбит/с1.000125103103/8кибибит во секундаКибит/с1.02412821027килобајт во секундакБ/с8.0001.0008x103103кибибајт во секундакиБ/с8.1921.024213210мегабит во секундаМбит/с1.000.000125.000106106/8мебибит во секундаМибит/с1.048.576131.072220217мегабајт во секундаМБ/с8.000.0001.000.0008x106106мебибајт во секундаМиБ/с8.388.6081.048.576223220Гигабит во секундаГбит/с1.000.000.000125.000.000109109/8гибибит во секундаГибит/с1.073.741.824134.217.728230227гигабајт во секундаГБ/с8.000.000.0001.000.000.0008x109109гибибајт во секундаГиБ/с8.589.934.5921.073.741.824233230терабит во секундаТбит/с1.000.000.000.000125.000.000.00010121012/8тебибит во секундаТибит/с1.099.511.627.776137.438.953.472240237терабајт во секундаТБ/с8.000.000.000.0001.000.000.000.0008x10121012тебибајт во секундаТиБ/с8.796.093.022.2081.099.511.627.776243240
Примери
КоличинаЕдиницабитови во секундабајти во секундаПолеОпис56кбит/с56.0007.000вмрежување56к модем – 56 кб/с (56.000 б/с)64кбит/с64.0008.000вмрежувањеISDN – 64 kb/с – 64.000 b/с1536кбит/с1.536.000192.000вмрежувањеT1 – 1,536 Мб/с (1.536.000 б/с)1Гбит/с1.000.000.000125.000.000вмрежувањеГигабитен Етернет10Гбит/с10.000.000.0001.250.000.000вмрежување10-гигабитен етернет1Тбит/с1.000.000.000.000125.000.000.000вмрежувањеSEA-ME-WE 4 подводен кабел – 1,28 терабита во секунда 4кбит/с4.000500аудиоподатоципостигнува минимален степен доволен за кодирање на распознатлив говор (со помош на наменски кодеци за глас)8кбит/с8.0001.000аудиоподатоцителефонски квалитет 32кбит/с32.0004.000аудиоподатоциСБ квалитет 128кбит/с128.00016.000аудиоподатоциMP3 – 128 кб/с (128.000 б/с)192кбит/с192.00024.000аудиоподатоциРечиси CD-квалитет за податотека набиена во MP3 формат1.411,2кбит/с1.411.200176.400аудиоподатоциCD аудио (ненабиенао, 16-битни семплови × 44,1 kHz × 2 канала)2Мбит/с2.000.000250.000видеоподатоциVHS-квалитет8Мбит/с8.000.0001.000.000видеоподатоциDVD квалитет27Мбит/с27.000.0003.375.000видеоподатоциHDTV квалитет1.244Гбит/с1.244.000.000155.500.000вмрежувањеOC-24, 1,244 Гб/с SONET податочен канал9.953Гбит/с9.953.000.0001.244.125.000вмрежувањеOC-192, 9,953 Гб/с SONET податочен канал39.813Гбит/с39.813.000.0004.976.625.000вмрежувањеOC-768, 39,813 Гб/с SONET податочен канал, најбрз досега во употреба 60МБ/с480.000.00060.000.000податочни поврзнициUSB 2.0625МБ/с5.000.000.000625.000.000податочни поврзнициUSB 3.098.3МБ/с786.432.00098.304.000податочни поврзнициFireWire IEEE 1394b-2002 S800120МБ/с960.000.000120.000.000податочни поврзнициЧитање на тврд диск, Samsung SpinPoint F1 HD103Uj 133МБ/с1.064.000.000133.000.000податочни поврзнициPATA 33 – 133 МБ/с150МБ/с1.200.000.000150.000.000податочни поврзнициSATA 1,5 Гб/с – Прва генерација300МБ/с2.400.000.000300.000.000податочни поврзнициSATA 3 Гб/с – Втора генерација600МБ/с4.800.000.000600.000.000податочни поврзнициSATA 6 Гб/с – Трета генерација533МБ/с4.264.000.000533.000.000податочни поврзнициPCI 133 – 533 МБ/с
Поврзано Бинарна претставка Битова стапка (bitrate) Величински редови (податоци) SI-претставка
Наводи
Наводи Меѓународна електротехничка комисија (2007). „Претставки за бинарни содржатели“ IEC 60027-2 „Азбучни симболи за употреба во електротехнологијата“ – Дел 2: Телекомуникации и електроника+
Категорија:Технички поими Пренос Пренос на податоци Пренос на податоци