Јаков (Камена Река, ден. Село Моштица XVI век) — првиот македонски печатар. Потекнувал од свештеничко семејство.

Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ во Венеција отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од Камена Река, „Нова Македонија“, Скопје, 1, 2 и 3 мај 1957 (Избрани дела, трето дополнето издание, 6, Скопје, 2007, 14-16)Михаило Георгиевски, Македонската печатарска дејност (1915-1913), Скопје, 1972, 30–31

Животопис

мини|лево|Илустрација на Св.Никола - Часослов (страна 65)

Јаков од Камена Река, денешна Македонска Каменица е прв засега познат македонски печатар од XVI што излегол од Македонија и ja развил својата печатарска дејност во Венеција каде работел во печатницата на Божидар Вуковиќ. Роден во свештеничка фамилија во Камена Река работел како писател на црковно-словенски книги, наследство кое го стекнал од неговата фамилија.

За неговото потекло дава опис во неговата прва печатена книга Часослов:

По род и татковина бев од полите на големата Осоговска Планина, близу до Коласискиот град, од местото викано Камена Река... Излегов од Македонија, татковината моја, и влегов во западните земји.

Неговото најпознато дело „Часослов“, од кое повеќето информации за неговиот живот се извадени, го издал и испечатил на црковно-словенски јазик во Венеција во 1566 година. Делото е исполнето со илустрации и вињети на христијански светци. Во 1569 заедно со Јеролим Загуровиќ од Котор ја пишува и испечатува неговата втора книга „Псалтир со последование" и се продава во првата македонска книжевна продавница „Кара Трифун“ во Скопје. Книгата е користена како букварче за оние учејки го црковно-словенското писмо. Неговата дата на раѓање или на смрт сепак досега не е откриена.

Наводи

Категорија:Македонски публицисти Категорија:Луѓе од Македонска Каменица Категорија:Родени во 16 век