Никополски Санџак (; ) ― санџак во Отоманската Империја, со Никопол (во денешна Бугарија) како административно средиште. Санџакот бил основан надвор од териториите на Видинското Царство, по Битката кај Никопол во 1396 година.
Администрација Најраниот дефтер на Никополскиот Санџак е составен во средината на XV век. Една група изучувачи го датирале овој дефтер во 1430 година, додека друга група изучувачи го датирале со 1479/1480 година. Ова е првиот османлиски дефтер во кој биле споменати Ромите, кој живеел во 431 домаќинство или 3,5 отсто од домаќинствата во овој санџак.
Административна поделба Во собраните белешки на Евлија Челебија (средината на XVII век) како еден од 24-те османлиски санџаци во Румелија, е споменат Никополискиот Санџак со 20 зијамети и 244 тимари и приход од 40.000 акчиња. Во средината на 19 век имало 15 кадилаци.
Санџак-бегови Бугарскиот историчар Руси Стојков верувал дека Скендербег бил спомнат во 1430 година на османлискиот дефтер како санџак-бег на Никополскиот Санџак. Според ова гледиште тој бил назначен на оваа положба набргу откако бил избран за функцијата санџак-бег на Дебарскиот Санџак. Турскиот историчар Халил Иналџик објаснил дека за Скендербег „ова било голема промоција бидејќи Никопол бил еден од најголемите санџаци на европска Турција“. Историчарот Страшимир Димитров го датирал овој дефтер во 1479–1480 година и верувал дека Искандер-бег споменат во него не е Скендербег, туку некоја друга личност која била на функцијата мирлива во Никопол.
За време на владеењето на султанот Мурат II санџак-бег бил Мехмед-бег, син на Фируз-бег.
Во март 1834 година, Хусеин-паша бил назначен за санџак-бег на Никополскиот Санџак и Видинскиот Санџак.
Економија Никополскиот Санџак бил еден од шесте османлиски санџаци со најразвиено бродоградба (покрај Смедеревскиот, Видинскиот, Пожешкиот, Зворничкиот и Мохачкиот Санџак).
Наводи
Категорија:Отоманска Бугарија Категорија:Престаноци во 1878 година во Отоманското Царство Категорија:Појавено во 1396 година во Отоманското Царство Категорија:Држави и територии распаднати во 1878 година Категорија:Држави и територии настанати во 1396 година Категорија:Санџаци во Румелискиот Вилает