Ратевка — македонско народно оро од источното играорно подрачје за мешан состав со (3,2,2) ритам. Најчесто се игра во Малешевско, со држење на играчите за рацете, слободно долу спуштени. Се игра во полукруг, полетно, со мали чекори на полустапалата и со потсконување и доскокнувањеМихаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 132. Наречена е по селото Ратево, Беровско.
Наводи
Надворешни врски Ратевка на YouTube
Категорија:Македонски ора Категорија:Ратево