Опсадата на Буда во 1541 година резултирала со заземање на градот Будим од страна на Османлиите на чело со султанот Сулејман I. По оваа победа, Османлиското Царство воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контролаGarnier, p.200. Победата на Османлиите се споредува и со победата во Мохачката битка во 1526 година. Хабсбуршките сили имале загуби од околу 16.000 војници.
Откако Карло V разбрал за поразот на неговиот брат, тој тргнал да се одмазди во Алжир, но и таму доживеал поразGarnier, p.201. Фердинанд се обидел градот да го врати во 1542 година, но истиот обид бил неуспешен.
Наводи
Категорија:Судири во 1541 година Категорија:Опсади на Отоманското Царство Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни Категорија:Отоманското Царство во 16 век Категорија:Историја на Будимпешта Категорија:Европа во 1541 година