Алжирската инвазија од 1541 година се случила кога Карло V, цар на Светото Римско Царство се обидел со својата флота да ја порази Османлиското Царство во Алжир. Во крајна сметка, тој обид бил катастрофален за христијаните.
Заднина
Алжир бил под контрола на Османлиите се нашол од 1529 година кога Сулејман I го зазел на чело со Хајредин Барбароса. Барбароса ја напуштил земјата во 1535 година, бидејќи бил избран за Голем адмирал на Османлиското Царство во Цариград, па така тој бил заменет од страна на Хасан Ага. . Карло V долго време се подготвувал за војна околу Алжир, а во исто време тој сакал да се одмазди за Опсадата на Будим од 1541 годинаGarnier, p.201. Поради големото невреме, неговата флота била принудена да се откаже од нападотEuropean warfare, 1494-1660 by Jeremy Black p.177E.J. Brill's first encyclopaedia of Islam, 1913-1936 by Martijn Theodoor Houtsma p.258 .
Битка
Силите на Хабсбуршката монархија многу доцна тргнале во војна, на 28 септември 1541 година. Тоа се случило тогаш, главно поради проблемите во Германија и ФландријаGarnier, p.202. Целата флота се собрала во заливот кај МајоркаThe Story of the Barbary Corsairs by Stanley Lane-Poole p.114ff . Таа броела околу 500 бродови и 24.000 војници. По големото невреме кое ги зафатило регионите околу Мајорка и Алжир, флотата пред преговите на Алжир престигнала на 19 октомвриGarnier, p.203. Во нападот учествувал и Ернан Кортес, т.н. освојувач на Мексико. Војската на Карло на копно стапнала на 23 октомври, каде по ова бил формиран штабот. Војската главно била составена од Шпанци, Германци и Италијанци, во придружба на 150 витези од Малта.
Поради големата сила која ја имал донесено императорот во Алжир, се сметало дека градот многу бргу ќе падне во рацете на христијаните. Но во следните денови започнало да врне силен дожд и регионот бил зафатен од силно невреме. Голем дел од галиите потонале или биле оштетениGarnier, p.204ff . По ова започнал напад на Османлиите и императорот бил опкружен. Тој бил извлечен со помош на Малтешкиот витешки редGarnier, p.204 .
Андреа Дорија успеал да побегне во Кејп Матифу, на околу 5 милји од Алжир. Тој му предложил на својот император да се засолни заедно со него во МатифуGarnier, p.205. По долгите патувања, на 3 декември конечно императорот пристигнал во југоисточниот дел од Шпанија, кај КартагинаGarnier, p.206.
Наводи
Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Светото Римско Царство Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни Категорија:Судири во 1541 година Категорија:Европа во 1541 година Категорија:Отомански Алжир Категорија:Отоманското Царство во 16 век