Селин Мари Клодет Дион (, француски изговор: [selin djɔ̃]  ) (родена на 30 март 1968) е канадска пејачка, композитор, глумица и деловна жена. Родена во голема, сиромашна фамилија во Шарлемањ, Квебек, Дион се појавува како тинејџерска ѕвезда во францускиот свет откако нејзиниот менаџер и сопруг Рене Анжелил (Rene Angelil) го стави под хипотека нивниот дом за да ја финансира нејзината прва плоча. Во 1990, таа го издава англискиот албум Unison, докажувајќи се како изводлив поп артист во Северна Америка и другите англиски подрачја во светот.

Дион првпат се здоби со меѓународно признание во 80-тите со победа на фестивалите Yamaha, World Popular Song Festival и 1988 Eurovision Song Contest. По сериите на француските албуми во раните осумдесетти, таа потпиша договор со CBS Records Canada во 1986. Во деведесеттите, со помош на Анжелил, таа достигна светска слава по потпишувањето договор со Епик Рекордс и издаде неколку англиски албуми заедно со додатните француски албуми и со тоа стана една од најуспешните изведувачи во историјата на поп музиката. Меѓутоа, во 1999 на врвот на нејзиниот успех, Дион објави привремено повлекување од шоу-бизнисот за да основа фамилија и да биде со сопругот, на кого му дијагностицирале рак. Таа се врати на врвот на поп-музиката во 2002 и потпиша тригодишен (подоцна продолжен за пет години) договор за вечерна изведба во театарско шоу со пет ѕвезди во Колосеумот на Палатата на Цезар, Лас Вегас.

Музиката на Дион влијаела на другите жанрови од рок до R&B па сè до црковната музика и класичната музика. Додека нејзините изданија добивале различни критики, таа е позната по својот стручно вешт и моќен вокал. Дион е најдобро продаваниот изведувач од Канада на сите времиња; втор најдобро продаван женски изведувач од времето на Nielsen SoundScan , позади Мараја Кери, во САД; а нејзиниот албум D'eux е најдобро продаван албум на француски јазик на сите времиња. По ненадминливите 175 милиони во светските продажби на албуми, таа е наградена со Chopard Diamond Award на World Music Awards за најдобро продавана женски изведувач на сите времиња. Според Сони Мјузик, Дион продала над 200 милиони албуми, ширум светот.

Живот и музичка кариера Детство и рани почетоци

Најмала од сите четиринаесет деца на Адемар Дион и Тереза Тенгуај (Adhemar Dion and Therese Tanguay), двајцата со француско потекло. Селин Дион е воспитувана како римски католик во сиромашен, но, според неа среќен дом во Шарлемањ, Квебек, Канада."Profiles of Celine Dion, Enrique Iglesias, Moby". Paula Zahn, Charles Molineaux, Gail O'Neill. People in the News, 18 May 2002. Transcript. Музиката секогаш била дел од фамилијата (Дион е крстена по песната Селин, снимена од францускиот пејач Hugues Aufray две години пред нејзиното раѓање), пораснала пеејќи со своите браќа и сестри во малиот пијано бар на нејзините родители Le Voix Baril. Од мали години Дион сонувала да биде изведувач. Во 1994 интервју со списанието People, таа се сетила, „Ми недостига фамилијата и домот, но не се каам што ја загубив мојата младост. Имав еден сон: Сакав да бидам пејачка.“

На дванаесетгодишна возраст, Дион соработувала со нејзината мајка и нејзиниот брат Жак за да ја компонира својата прва песна, "Ce n'etait qu'un reve" ("It Was Only a Dream"). Нејзиниот брат Мишел Дондалингер Дион ја испратил снимката до музички менаџер Рене Анжелил, чие име го открива на позадината на албумот Жинет Рено Анжелил бил трогнат до солзи од гласот на Дион и решил да ја направи ѕвезда. Во 1981, тој го ставил под хипотека својот дом за да ја финансира нејзината прва снимка La voix du bon Dieu ("The Voice of the Good God"), која подоцна станала локален хит и со тоа Дион се прославила како ѕвезда во Квебек. Нејзината популарност се раширила насекаде низ светот кога таа во 1982 учествувала на Yamaha World Popular Song Festival во Токио, Јапонија и освои музичка награда за „Најдобар изведувач“ како и златниот медал за „Најдобра песна“ со "Tellement j'ai d'amour pour toi" ("I Have So Much Love for You").

До 1983, освен тоа да стане првата канадска изведувачка која се здоби со златна снимка во Франција за синглот "D'amour ou d'amitie" ("Of Love or of Friendship"), Дион исто така освои неколку Felix Awards, вклучувајќи ги „Најдобар женски изведувач“ и „Откритие на годината“.Celine Dion Biography , The Biography Channel. 13 September 2007. Понатамошниот успех во Европа, Азија и Австралија дојде кога Дион ја претставувала Швајцарија во 1988 на Евровизија со песната Ne partez pas sans moi (Don't Go Without Me) и за малку не победи во Даблин, Ирска. Меѓутоа, американскиот успех само што дојде, делумно поради тоа што таа беше ексклузивен франкофонски изведувач. На осумнаесет години, откако ја гледала изведбата на Мајкл Џексон, Дион му рекла на Анжелил дека сака да биде ѕвезда како Џексон. Иако сигурен во нејзиниот талент, Анжелил сфатил дека нејзиниот одраз мора да се смени за да се промовира низ светот. Дион исчезнала од центарот на вниманието за неколку месеци, дури таа се подложила и на забна хирургија за да го подобри нејзиниот изглед и била пратена во Екол Берлиц во 1989 за да го подобри нејзиниот англиски.

Пробивање: 1990-1992 Поранешните англиски изданија на Дион

"Where Does My Heart Beat Now", првиот северноамерикански хит на Дион бил мек рок од 80-тите (Забележете ја нагласеноста на електричната гитара). Се склопува со стил на подоцнежни обиди. "Beauty and the Beast" имала големо влијание од класичната музика, која станала главен белег во понатамошната работа на Дион. Две години подоцна откако го научила англискиот, Дион го направила нејзиниот настап на англофонскиот пазар со Unison (1990) оригинално снимена од Лаура Браниган. Таа ја вклучила помошта од многу докажани музичари, како Вито Лупрано и канадскиот продуцент Дејвид Фостер. Врз албумот најголемо влијание имала рок-музиката од 80-тите која брзо создала сегмент во постариот современ радио формат. Unison ги погодил добрите забелешки со критики: Џим Фабер од Entertainment Weekly напишал дека вокалите на Дион „вкусно едноставни“ и дека таа никогаш не пробала да „воведе стилови кои се зад неа“. Стефан Ерлевин од Allmusic изјавил дека е „фин софистициран настап“. Сингловите од албумот меѓу кои "(If There Was) Any Other Way", "The Last to Know", "Unison" и "Where Does My Heart Beat Now", среднобрза рок балада која направи видна употреба на електрична гитара. Вториот стана нејзин прв сингл во листата од топ 10 во САД и низ Европа и Азија. За поддршка на Unison, Селин Дион започна турнеја. За време на концертот од таа турнеја, таа си го повреди гласот. Се консултира со Вилијам Голд, ОРЛ на другите пејачи како Лучано Павароти, Франк Синатра и претседателот Џон Кенеди. Тој u постави ултиматум: да прави операција на нејзините гласни жици, или воопшто да не ги користи три недели. Дион ја избра втората и се подложи на дневна рехабилитација со Вилијам Рајли, за целосно да u закрепне гласот.

Во 1991, Дион беше солист во Voices That Care, признание за американските борбени трупи во Операцијата Пустинска бура. Вистинскиот меѓународен пробив се случи со дуетот со Пеабо Брисон на траката за анимираниот филм на Дизни, Убавицата и ѕверот (1991). Песната опфати музички стил кој Дион ќе го искористи понатаму: општи, класично влијателни балади со нежна инструментација. Како критички а и комерцијален хит, песната го доби второто место од U.S. top ten списокот на синглови и победи на Academy Award за најдобра песна и Греми наградата за Најдобар перформанс дует или група со вокал. „Убавицата и ѕверот“ го карактеризира истоименуваниот албум на Дион од 1992, кој, исто како и нејзиниот настап, има силно влијание од рок измешан со елементи на соул и класична музика. Благодарение на успехот на водечкиот сингл и нејзината соработка со Фостер и Дајан Варен, албумот бил исто добро прифатен како и Unison. Други синглови кои достигнаа среден успех вклучувајќи го "If You Asked Me To" (верзијата на песната на Пети Лабел од филмот Дозвола за убивање од 1989) кој стигна на четврто место на U.S. Billboard Hot 100, евангелиско прошараната "Love Can Move Mountains" и "Nothing Broken But My Heart".

Со поранешните плочи на Дион, албумот имал призвук на љубов. Во меѓувреме, Дион го издаде франкофонскиот албум Dion chante Plamondon во 1991. Албумот содржел најмногу верзии, меѓу кои четири нови песни, кои ги вклучуваат "Des mots qui sonnent," "Je danse dans ma tete," "Quelqu'un que j'aime, quelqu'un qui m'aime" and "L'amour existe encore". Оригиналот излезе во Канада и Франција за време на периодот 1991-1992, а потоа доби меѓународен албум во 1994, првата французинка Селин Дион која го направи тоа. "Un garcon pas comme les autres (Ziggy)" стана хит во Франција, достигнувајќи го второто место и доби златна награда.Во Квебек, албумот се здоби со златна награда на денот кога излезе. До денес Dion chante Plamondon продаде 1.5 милиони плочи ширум светот.

До 1992 Unison, Celine Dion и медиумските појавувања ја придвижија Дион кон суперѕвезда во Северна Америка. Таа ја достигна една од нејзините главни цели: да успее на англосаксонскиот пазар и да достигне слава. Меѓутоа, додека се обидуваше да го зголеми успехот во САД, нејзините француски обожаватели во Канада ја критикувале поради тоа што ги запоставила. Подоцна таа повторно ќе се здобие со обожатели на Felix Award шоуто, каде, по добивањето на "Англиски изведувач на годината", таа отворено одби да ја прифати наградата. Таа тврдеше дека секогаш ќе биде француски а не англиски изведувач. Освен нејзиниот комерцијален успех, имало промени и во животот на Дион, Анжелил, кој дваесет и шест години бил нејзин претпоставен, од менаџер станал љубовник. Меѓутоа, врската била чувана како тајна поради тоа што и двајцата се плашеле дека публиката ќе ја смета нивната врска несоодветна.

Зацврстување на популарноста: 1993-1995

Во 1993, Дион ги искажала своите чувства кон својот менаџер прогласувајќи го него за "бојата на (нејзината) љубов" делот за посвета на нејзиниот трет албум The Colour of My Love. Меѓутоа, наместо да ја критикуваат нивната врска од што се плашеше Дион, обожавателите ја прифатиле двојката. На крај, Анжелил и Дион се венчале и направиле екстравагнтна свадбена церемонија во декември 1994, која се пренесуваше во живо на телевизиите во Канада.

Како што бил посветен на нејзиниот менаџер, мотивот на албумот бил фокусиран на љубов и романса. Стана нејзин најуспешен албум , со продадени повеќе од шест милиони копии во САД, два милиони во Канада, искачувајќи се на првото место во повеќе земји. Албумот го создал и првиот американски, канадски и австралиски број еден сингл на Дион "The Power of Love" (преработка на хитот на Џенифер Раш од 1985), кој ќе стане нејзин препознатлив хит сè додека не го достигна врвот на нејзината кариера во доцните деведесетти. Синглот "When I Fall in Love", дует со Клив Грифин, достигна среден успех во САД и канадските табели и беше номиниран за две Греми награди, а доби една. The Colour of My Love стана исто прв поголем хит на Дион во Европа, а особено во Обединетото Кралство. И албумот и синглот "Think Twice" истовремено го зазедоа врвот на британските списоци за пет последователни недели. "Think Twice", кој остана број еден за седум недели, на крајот стана четврти сингл од женски изведувач кој надминал еден милион копии во Обединетото Кралство, додека албумот пет пати бил наградуван со Платина за продадени два милиона копии.