Востанието на капетанот Дедо Никола е востани од 1853 година кое избувнало во великотрновската и габровската област во Бугарија, која била под власта на Османлиското Царство. Населението било оргазнизирано од страна на Никола со помош на Петко Славејков, Никола Козлев и Петар Кисимов. Целта на востанието била најпрвин да се заземе еден конак во Трново, од каде би започнало востанието. Сепак, востаниците биле издадени. На 31 јули истата година кај Лесковскиот манастир се собрале неколку чети, кои биле разбиени од османлиската војска. Водачот на востанието бил фатен и убиен.

Категорија:Судири во 1853 година Категорија:Европа во 1853 година Категорија:Отоманска Бугарија Категорија:Бугарија во 19 век Категорија:Бугарски востанија Категорија:Историја на Велико Трново Категорија:Габрово