Не го поистоветувајте со градот Пеќ во Косово.

Печ (на унгарски: Pécs) е петти по ред најголем град во Унгарија, сместен на падините на планината Мечек во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Хрватска. Тој е административен и економски центар на округот Барања. Во Печ исто така се наоѓа и седиштетото Римокатоличката епархија Печ.

Градот Сопиане (Sopianae) бил подигнат од страна на Римјаните кон почетокот на 2 век, на област која била населена со келтски и панонски племиња. Во 4 век станал главен град на провинцијата Валерија, како и значаен христијански центар. Раниот христијански комлекс кој се наоѓа во градот е од тој период и денеска тој се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО од декември 2002.A világörökség része

Нејзиниот епископат за првпат бил основан во 1009 година од страна на Иштван I, а исто така и првиот унгарски универзитет е основан во Печ во 1367 година од страна на Луј I Унгарски. Тој универзитет и денеска постои и е најголемиот во Печ со околу 34.000 студенти. Печ бил претворен во културен и уметнички центар на земјата од страна на владката Јанус Панонијски голем унгарски хуманист и поет. Печ има богато наследство и од 150 годишната Отоманска окупација, како џамијата на Паша Газим и Сечени плоштадот.

Печ отсекогаш бил мултикултурен град, каде што многу културни слоеви ги претопиле нивните заеднички култури во една за време на две илјади години историја. Унгарците, Хрватите и дунавските Германци и денеска продолжуваат да живеат во мир во економскиот и културен град. Затоа не е изненадувачки што Печ бил избран за Европски град на културата за 2010 година и ја споделува таа титула заедно со Есен и Истанбул. Мототo на градот е: Безграничниот град. После примањето на титулата голем број на иновации започнаа да се случуваат во градот.www.pbkik.hu, 2007. március 30., péntek, Szabó Ágnes - Élményfürdő, újabb négycsillagos szállodák Pécsett, olvasva: 2009.12.18. Реномирани јавни места, улици, плоштади и градски делови, нови културни центри, концертна сала, модерна библиотека и нове центар биле дизајнирани.www.peh.hu, Elindult a Sopianae-terv, épül a Déli Ipari Park[Pécsre áramlik a tőke www.origo.hu, 2008. 07. 17. - Pécsre áramlik a tőke] Most of them are still under construction.

Во 1998 Печ од страна на УНЕСКО ја добил наградата „Град на мирот“ за одржување на културите на малцинствата во градот, како и за нивниот став и толеранцијата на бегалците од Балканските војни.www.hetek.hu, 1998. 04. 04. (II/14), HOFFMANN ZSOLT - Pécs, a toleráns város Во 2007 бил трет, во 2008 втор град рангиран во категоријата „Најдобар град за живеење“. in the category of cities between 75-200 thousand inhabitants.www.ddrkh.hu, 2008. november 12. - Pécs második lett az Élhető Települések döntőjében

Население

Етнички групи

Население според националност: (попис 2001): Унгарци - 92.6% дунавски Германци - 3.1% Роми - 1.2% Хрвати - 1% Срби - 1% Други - 1.1%

Религии

Население според деноминации: (попис 2001): римокатолици - 58.5% калвинисти - 7.4% лутеранци - 1.9% атеисти - 18% Други (главно Христијани) - 1.9% Без одговор, непознато - 12.3%

Личности Личности родени во Печ:

Ирена Џелаковиќ Дерменџиевска (1917-) — учесник во НОВ на Македонија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Pécsi kirándulás képekkel – www.élet-mód.hu] Официјално мрежно место Official website of Pecs2010 Европска престолнина на културата Округ Барања Википатување: Печ/Pécs Печ во 360 панорамски слики Фото галерија на градот Фотографии на Печ Glas Koncila (страна на Хрватите во Печ) Слики за Печ

Категорија:Барања (округ) Категорија:Градови во Унгарија Категорија:Европски престолнини на културата Категорија:Барања Категорија:Историја на Барања