thumb|right|250px|Претседателски знаме.
Знамето на Абхазија е официјалното знаме во оваа непризната република кое е создадено во 1991 година.Аргун Ю.Г. (Argun Yu. G.), О Государственном флаге (On the state flag (XLVIII итоговая научная сессия (11-13 мая). тезисы докладов. - Сухум: АбИГИ, 2004, с. 3-4) Знамето било официјално усвоено на 23 јули 1992.
Знамето е составено од седум еднакви хоризонтални ленти, четири во зелена и три во бела боја. Лентите се инспирирани од Планинска Република Северен Кавказ. Бројот седум е свет број за Апхазите, додека зелена и белата боја симболизира толеранција помеѓу Христијаните и Муслиманите. Во горниот лев агол има црвен квадрат и е инспириран од симболот на Апхаското кралство. Отворената бела рака значи „Здраво за пријателите! Стоп за непријателите“. Седумте ѕвезди кои се над раката ги симболизираат седумте историски региони на Абхазија: Саѕен, Бзид, Гума, Абжива, Саурзакан, Далцабач и Пскуј-Аибга.
Поврзано Абхазија Грб на Абхазија
Наводи
Надворешни врски
Знамиња на Абхазија
Категорија:Национални симболи на Абхазија