Знамето на Република Косово е знаме кое го користи оваа непризната држава. Знамето било усвоено од Собранието на Косово веднаш по објавувањето на спорната независност од Србија на 17 февруари 2008. Ова знаме било избрано на конкурс каде имало над илјада предлози. Денешното знаме било прифатено како државно знаме и е составено од Мухамер Ибрахими.

Знамето на Косово е сино знаме. Во средината на сината позадина се наоѓа картата на Косово во златна боја додека над самата карта има шест бели ѕвезди.Parliament adopted the flag of Kosovo state, Kosovapress, Priština, 17 февруари 2008. Ѕвездите ги претставуваат шесте најголеми косовски националности.

Поврзано

Косово Грб на Косово Знаме на Србија

Наводи

Надворешни врски

Kosovo looking for state emblems Косово во потрага по национални симболи

Категорија:Знамиња усвоени во 2008 година Категорија:Знамиња усвоени преку конкурси Категорија:Национални симболи на Косово Категорија:Државни знамиња Категорија:Знамиња на делумно признаени држави Категорија:Знамиња со сина, бела и жолта боја