Морж (лат.:Odobenus rosmarus) — големо животнo чии нозе се преобразени во перки што може да ги свитка кон напред.

Облик на телото Има кратка муцка со кратки и дебели влакна како мустаќи. На горната вилица има два рамни големи заба — бивни, што, освен мажјаците, ги имаат и постарите женки. Телото му е покриено со гола жолтокафеава набрана дебела кожа. Под неа има дебел слој сало што го штити од губење на телесната топлина. Поголемите мажјаци се долги до 4,5 метри и тешки до 1 тон. Неговата кожа е поинаква од кожата на сите други цицачи, со длабоки набори и брчки, а со многу малку влакна. Може да е различен по бојата на кожата: младите моржови може да имаат темна боја, а возрасните понекогаш имаат шари во розова боја.

Распостранетост Живее на крајбрежјето на Северноледениот Океан во Скандинавија, Исланд, Гренланд и Сибир и понекогаш се сели доста далеку од тие области.

Храна Се храни со школки, ракови и риби.

Окотување Секоја трета година окотува по едно младенче, што по 2 години станува самостојно.

Ловење Го ловат заради бивните, маста и кожата. Тоа e често животно во поларните области.

Моржот како тема во уметноста и во популарната култура „Јас сум моржот“ (I am the Walrus) - песна на британската група „Битлси“ (The Beatles) од 1967 година.The Beatles - I Am The Walrus - YouTube (пристапено на 17.1.2017)

Наводи

Надворешни врски

BBC: Морж http://www3.nationalgeographic.com/animals/mammals/walrus.html

Категорија:Перконоги Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј