мини|250п|Каролина Гочева на „Евровизија“ во Хелсинки во 2007 година.
Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) — македонска поп-пејачка, родена во Битола. Честопати е позната и само по името Каролина. Ја започнала музичката кариера во 1991 година со настап на месното детско шоу и продолжила да учествува во наредните години, добивајќи се со признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен Мамо, пушти ме. Таа потпишала договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000 година.
Дискографијата на Гочева се состои од девет музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издала првиот студиски албум Јас Имам Песна, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум Зошто сонот има крај, Знаеш колку вредам и Во заборав биле издадени во 2002, 2003 и 2005, последователно. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела Македонско девојче (2008), Македонско девојче 2 (2014) и Извор (2018) вклучувале елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Македонија, Србија и Бугарија . Нејзиниот деветти студиски албум, во сорапотка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Песни за љубов и копнеж, е издаден на 24 декември 2022. Десеттиот очекуван студиски албум е најавен како поп проект којшто е најавен со синглот „Дај на сунце“ (македонски: „Дај на сонце“) и се очекува да биде издаден кон крајот на 2024.
Ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ каде се пласирала на 19-то место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапува со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Гочева има освоено многу награди и признанија во Македонија како и другите Балкански церемонии за награди. Широко е позната како најпознатата македонска поп пејачка за што ги добива називот „македонска поп принцеза/кралица“ и „поп дива“. Иако најголемиот број од нејзините песни се испеани на македонски, Гочева исто така има издадено албуми на српскохрватски и англиски што довело до зголемена популарност во Бугарија и екс-Југословенските држави како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Покрај тоа, Гочева е позната по нејзиниот лежерен моден стил за којшто често соработува со Цаци Пакоска. Со нејзината музичка работа, Гочева придонесува во кампањи против злоупотреба на дрога и рак на грлото на матката.
Животопис Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Станаа редовен учесник на фестивалот Скопје фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапувала на Скопје фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 бода. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.
Евровизија 2002 Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи и победува. Меѓутоа набргу се јавува контроверзија меѓу МТВ и Каролина. Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија Македонија се претставувала на македонски и немала некој добар пласман. За разлика од неа, во МТВ биле убедени дека треба да се пее на македонски, и биле подготвени ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски, на Евровизија 2002 да настапи второпласираната Андријана Јаневска. На крајот, Каролина сепак прифаќа да пее на македонски. Во Талин Каролина се пласира на 19 место, недоволно за Македонија да оди во учество наредната година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија.
2003 – 2007 Во 2003 година, Каролина го издала албумот „Зошто сонот има крај“, на кој се јавуваат повеќе композиции, од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“, со која настапила на „Будва фест 2003“. Притоа, на албумот, овие три песни се испеани и на англиски јазик.
2008– Во 2010 година, Каролина го издала својот деветти албум „Капка под небото“, што донел нов хит „Не се вракаш“, на кого учествувал Влатко Стефановски.
На 13 декември 2014 година, во салата „Борис Трајковски“, Каролина одржала концерт во рамките на проектот „Македонско девојче“, организиран од „Авалон продукција“.Ѓорге Стојанов, „Се радувам на секој момент, ова го чекав цел живот“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.
2023-сега: Претстоен десетти студиски албум Во март 2023, Гочева дава интервју за емисијата Жилет на Македонската Радио Телевизија.. На 13 декември 2023, Гочева ја издава песната „Дај на сунце“ напишана од Дино Мухаремовиќ и аранжирана од Дино Шукало заедно со црнобело музичко видео режирано од Миомир Милиќ. Песната ја има својата премиера на српската радио станица Накси каде што пејачката кратко изјавила дека насловот е повик за женскиот протагонист да го покаже нејзиното убаво лице на сонце. Ја снима песната два месеци пред да биде издадена. Клипот е снимен во ноември, на ладни температури од -5 °C на две локации на македонската планина Бистра, вклучувајќи ги Галичник и Маврово.
Како промоција на песната, се појавува на шоуто Među Nama на српскиот телевизиски канал Nova S во Белград на 21 декември 2023 каде што дава интервју. На 22 декември, се појавува на српското шоу Kec na jedanaest во Белград каде што ја промовира песната, дава интервју и ги изведува своите српски песни „Srešćemo se Opet“, „Kad Voliš“ и „Više se ne Vraćaš“ како и македонската преработка на песната „Ако згрешам нека изгорам“. Пејачката исто така ги споделува своите планови за иден студиски албум на којшто има вклучено некои сопствени аранжирани песни, објавува нов сингл пред неговото издавање и споделува дека очекува да го издаде во септември или октомври таа година. Зборувајќи за идните планови за учество во Евровизиската Песна за Евровизија, таа открива дека последното учество во 2007 ѝ претставувало голема одговорност, дека не би сакала баш повторно да помени преку „толку стресно искуство“ знаејќи го прогресот на социјалните медиуми на полуфиналната и финалната вечер.
На 1 и 2 март 2024, Гочева одржува два последователни концерти во ноќниот клуб Пјур во Скопје; нејзиниот настап добива многу добри критики од новинарите за ЦрноБело коишто ја нарекуваат „фантастична“.Список на настапи од концертите на 1 и 2 март 2024 во Скопје од Црно Бело: Подоцна истиот месец, на 22 март, се појавува во Тирана, Албанија каде што настапува во Националниот театар на опера и балет на Албанија. На 24 март 2024, Гочева го одржува првиот концерт во Крива Паланка каде што настапува со песни од Македонско девојче и Извор покрај нејзините постари песни.
Приватен живот Покрај разни медиумски шпекулации за љубовниот живот на Каролина, таа успеала да ја задржи приватноста од медиумите. Сепак, српските медиуми ја поврзале со одредени личности како што е бизнисменот Аладин Дина Балиќ, сопственикот на кафуле Гроздан од Скопје и Михајло Ражњатовиќ, син на Аркан. Во септември, 2017, Гочева се омажила за македонскиот сликар Михаил Корубин, после 2 години во врска. За време на интервју, Гочева кратко открила дека двајцата се сретнале за време на сликање за промотивниот материјал на нејзиниот деветти студиски албум Извор. Korubin proposed to her at the Petrovac airport in Skopje at a war location.
На 16 мај 2026, Гочева стана предмет на мизогинија, родово базирано насилство и говор на омраза кога видео од група фудбалери и навивачи на ФК Вардар испеале вулгарна песна споменувајќи го нејзиното име. Официјалните претставници на Битола и јавноста го осудила тренерот на клубот Миленко Неделковски и злсторниците на видеото. Инцидентот бил прикажан на вестите.
Албуми "Мамо, пушти ме" - 1992 (детски албум) "Јас имам песна" - 2000 (првиот студиски албум) "Зошто сонот има крај" - 2001 "Знаеш колку вредам" - 2003 "Кад звезде нам се склопе... као некада" - 2003 (на српски) "Во заборав" - 2005 "У забораву" - 2006 (на српски) "Македонско девојче" - 2008 "Капка под небото" - 2010 "Најубави песни" - 2012 "Македонско девојче 2" - 2014 "Извор" - 2018
Спотови Спот Година Режисер Без оглед на сè 2000 Милениум со тебе 2000 Videolab production Немир 2000 И ќе биде сè во ред 2001 Од нас зависи 2002 Ти можеш 2003 Штом сакаш 2003 Знаеш колку вредам 2003 Чедо Поповски Срешћемо се опет 2003 Хипокрит 2003 Љубов под облаците 2003 Се лажам себе 2005 Ова срце знае 2005 Умирам без тебе 2006 Мојот свет 2007 Ти и ја 2007 Бела песна 2007 Дафино вино црвено 2008 Ти златно сонце 2008 Tomato Production Ај беше мај 2008 Tomato Production За кого 2008 Tomato Production Пролет,лето,есен,зима 2008 Tomato Production Птицо малечка 2008 Tomato Production Дојде време дојде 2008 Tomato Production Скопска магла 2008 Tomato Production Македонска партизанска 2008 Tomato Production Јас сум несреќница 2008 Tomato Production Крај 2009 Tomato Production Ајде да летаме 2009 Заборави 2010 За година две 2010 Tomato Production Не се враќаш 2011 Tomato ProductionТој 2012 Дарко Мораитов Ѕвона 2017 Мелем продукција Бели цветови 2018 Чедо Поповски Идила 2021 Pirka avh Од небо до дно 2022 Влатко Владимиров Дај на сунце 2023 Миомир Илиќ Мог живота дио 2025 Миомир Илиќ
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Обожавателско мрежно место на Каролина 1 Фан мрежно место на Каролина 2 Обожавателско мрежно место на Каролина 3 Обожавателско мрежно место на Каролина 4 Дискографија на Каролина Гочева на ВБУ Музички Регистар
Категорија:Учесници на Евровизија