Света Недела — главна селска црква во селото Другово.

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата била осветена на 9 ноември 1996 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на Бошко Попоски и Владо Димоски од Кичево. Иконостасот го изработил резбарот Сокол од Скопје, а иконостасните икони ги иконописал академскиот сликар Мирослав Крстески.

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Втора кичевска парохија Другово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Другово Другово Категорија:Македонската архитектура во 1996 година