Буриданово магаре е илустрација за парадокс во филозофијата во врска со концептот на слободна волја.

Тој се однесува на хипотетичка ситуација во која магаре е ставено точно на средина меѓу два пласта сено, или пласт сено и кофа вода. Со оглед на тоа што парадоксот претпоставува дека магарето ќе го одбере она што е поблиску, тоа наводно умира од глад (или од глад и жед) оти не може да донесе разумна одлука кој стог или опција да ја избере. Парадоксот е наречен според францускиот филозоф од XIV век Жан Буридан и ја сатиризира неговата филозофија на морален детерминизам.

Наводи