десно|мини|400п|Третата Француска Република и границите во Европа пред Првата светска војна Трета Француска Република ― назив кој се однесува на политичкото уредување во Франција во периодот од 1870 до 1940 година.
Историја По падот на вториот императорски период и уништувањето на Париската Комуна, бил усвоен новиот Уставен Закон од 1875 година, воспоставувајќи режим на парламентарно владеење. И покрај низата влади на краток рок, т.н. Трета Република била означена како општествено стабилна (освен аферата со Алфред Драјфус), со воведувањето на индустријализацијата и воспоставувањето професионални граѓански служби. Третиот републикански период престанал да постои со капитулацијата на Франција поради германскиот напад во 1940 година.Британика Уредувањето било заменето со прогерманската и соработничка власт т.н. Вишиевска Франција.
Претседатели Адолф Тер (1871-1873) Морис де Мак-Махон (1873-1879) Жил Греви (1879-1887) Сади Карно (1887-1894) Феликс Фор (1895-1899) Емил Лубе (1899-1906) Арман Фалиер (1906-1913) Рејмонд Поенкаре (1913-1920) Александар Милеранд (1920-1924) Гастон Думерж (1924-1931) Алберт Лебрун (1932-1940)
Од другите познати водачи може да се спомнат имињата:
Леон Блум Жорж Буланже Аристид Бријан Жорж Клемансо Едуард Даладје Жил Фери Леон Гамбет Едуард Ерио Жан Жоре Пјер Лавал Филип Петен Пол Рејно
Наводи
Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Поранешни републики
Категорија:Држави и територии распаднати во 1940 година