Успение на Пресвета Богородица ― главната црква во штипското Ново Село и седиште на Новоселската парохија. Црквата претставува Споменик на културата заштитен со закон.
Историја Црквата била отпочната со изградба во 1836 година и била завршена во 1850 година. Била изградена од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа од браќа и претставува голема трикорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограф Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од Самоков, Захарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот престол се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.
Во текот на 2015 година, биле реставрирани иконите со цел отворање на галерија на икони во самата црква. Зафатот бил со поддршка од Министерството за култура. Согласно до крајот на јануари 2015 година, биле реставрирани 35 икони.
Галерија
Поврзано Новоселска парохија Културно наследство на Македонија во Општина Штип
Наводи
Надворешни врски
Брегалничка епархија
Категорија:Ново Село (штипска населба) Категорија:Храмови посветени на Успението на Пресвета Богородица во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа Категорија:Цркви во Штип Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Штип