Кунг-фу — кинеска боречка вештина, која истовремено претставува и духовна и физичка дисциплина. Се практикувала од времето на династијата Зу (1111 — 225 година п.н.е.). Нејзините пропишани положби и акции се засновани на внимателно и детално набљудување на човечкиот скелет, мускулната анатомија и физиологијата, а голем број од движењата на кунг-футо претставува имитација на боречките стилови на животните. Боречките техники во кунг-футо личат на оние од каратето и теквондото. Само дисциплината е силно нагласена. Кунг-фу се изведува во вид на вежби што се слични на тај чу чуанот.Британика Енсиклопедиски Речник (Книга 5). Топер, МПМ, Скопје, 2005, стр. 105-106.

Кунг-фу како тема во уметноста и во популарната култура „Неконвенционална промоција на книга“ — расказ на македонскиот писател Стефан Марковски.Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 45-46. „Кунг-фу девојки“ (англиски: Kung Fu Girls) — песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1976 година.YouTube, Blondie Kung Fu Girls 1976 (пристапено на 8.2.2017) „Кунг-фу Панда“ (англиски: Kung Fu Panda) — американски анимиран филм од 2008 година, во режија на Џон Стивенсон и Марк Озборн.IMDb, Kung Fu Panda (2008) (пристапено на 8.2.2017)

Наводи

Категорија:Кинески боречки вештини Категорија:Кинески зборови