Мала Река — река во западна Македонија, лева и најголема притока на реката Радика (Голема Река). Се создава на височина од 966 м од водите на Гарска и на Тресонечка Река.
Мала Река претставува збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово.
Преглед
Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влева на височина од 606 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122 м и просечен пад од 52,7 ‰. Сливот зафаќа површина од 200,1 км2. Средногодишниот проток изнесува 6,71 м3/с. Најголем средномесечен протек од 17,1 м3/с се јавува во мај, а најмал од 1,68 м3/с во септември.Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997
Воден потенцијал
Поради нејзиниот голем воден потенцијал како збирна река за сите реки и водотеци во подрачјето на малореканскиот крај била предвидена изградба на хидроелектричната централа „Бошков Мост“, чија хидроцентрала би требало да се наоѓа во близина на самиот влив на Мала Река во Радика.
Елен Скок
Како главна културна знаменитост на реката се смета познатиот лачен мост Елен Скок, кој се наоѓа на реката, во близина на селото Могорче. Во близина на мостот постои уреден простор со клупи и видиковци до кој може да се пристапи од регионалниот пат кој е долж реката.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија