Мариовски плускавец или Silene viscariopsis (Bornm) e локален македонски флористички ендемит од семејството Caryophyllaceae (каранфили), кој се развива само во околината на Прилеп (Маркови Кули, Плетвар, Козјак, Мариово), како и на Бабуна. Се наоѓа на светската црвена список на загрозени растенија (IUCN 1997 Red List of Threatened Plants).
Опис и живеалиште Повеќегодишно растение, со едно или повеќе стебленца. Стебленцата се вертикални со густи, куси, нежни и свртени надолу влакненца, со неколку пара листови во чии пазуви се развиваат куси странични гранчиња. Цветовите се вертикални, или висат надолу, собрани се во ретко метличесто соцветие, на кое по врвовите на долгите гранчиња има едно, два или три цвета. Чашката е бела и кожеста, со десет црвени силно испакнати жили. Венечните ливчиња се црвени. Плодната кутијка е јајцевидна, само малку се појавува над чашката, и долга е околу 5 мм.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 312
Расте на песоклива почва меѓу гранитни блокови.
Наводи
Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Каранфили Категорија:Ендемска флора на Македонија