Којовец или Којовци ( или Kojaveci) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани, а порано било со мешана вероисповед.
Географија Селото е сместено во македонската област Голо Брдо. Лежи во поречието на Окштунска Река, југоисточно од Смолник и северно од Лешничани. На североисток се наоѓа горското подрачје Рамна Гора.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Којувци (Coiuvtzi) било село со 20 домаќинства сочинети од 14 Македонци муслимани (торбеши).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
По Првата балканска војна во 1912 г. Којовец влегол во состав на Албанија.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Иселеништво Според истражувањата направени во XX век, родови од Којовец има во следниве населени места:
Гиновец, Голо Брдо: Којовци, православни Корошишта, Струшко: Којовец/Коевец, торбеши (21 куќа). Кон крајот на 1970-тите биле 13 куќи. Џепиште, Дебарско: Гиновци, православни. Пребегале од Којовец.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица