Големо Острени () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед.

Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи североисточно од Оржаново и западно од Мало Острени, на 4,5 км по воздушна линија од границата со Македонија.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Острење (Ostrénié) било село со 163 домаќинства со 315 жители Македонци муслимани (торбеши) и 108 Македонци-христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Големо Острени живееле 30 Македонци-христијани и 500 Македонци муслимани. Второспоменатите биле во процес на албанизација:

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Според статистика на весникот“ во 1911 г. во Мало и Големо Острени имало 14 македонски христијански куќи под врховенството на Бугарската егзархија и 230 торбешки куќи.Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2. Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Големо Острени ималоло 2 македонски хритијански куќи со 10 жители.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.

По податоци на егзархијата на крајот од XIX век во Големо Острене имало 2 православни куќи со 10 жители Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Големо Острени (Golemo-Ostreni) имало 16 жители под егзархијата.

Во Албанија По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Големо Острени се води како село со 220 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се Торбеши.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Сè до 2015 г. селото било седиште на тогашната Општина Острени.

Знаменитости Селска џамија

Личности Елез Кочи (1856 – 1916) — политичар и револуцонер во Албанија

Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица