Света Богородица — македонска православна црква која се наоѓа во Кембриџ, Канада.

Во 1989 година, петнаесет македонски семејства формирале Македонска организација, чија цел била да се зачува традицијата, културата и верата на македонскиот народ кој живее на просторите на Северна Америка., како и да изгради црква на македонската заедница во областа на Кембриџ, Киченер, Ватерло. Во 1994 година таа организација ја купила зградата на поранешна коптски црква и во текот на истата година црквата била регистрирана и благословена од тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил.

Наводи

Категорија:Македонски цркви во Онтарио Категорија:Храмови посветени на Раѓањето на Пресвета Богородица