мини|Печати од Прилепската и Битолската црковно-училишна општина Македонските црковно - училишни општини се формирале уште во почетокот на османлиската власт, а нивната дејност може да се следи од почетокот на XIX век. Нивна задача била да се грижат за црковно-училишниот живот. По основањето, црковно - училишни општини биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија и како такви биле центар за ширење на грчката култура и јазик Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980. Но во среднината на XIX век македонското граѓанство ја започнало антифанариотската борба, во текот на овие борби голем дел од црковно - училишните општини во Македонија се откажале од Патријаршијата и почнале да се приклонуваат кон Бугарската егзархија. Меѓутоа Македонците бегајќи од погрчувањето наишле на егзархиска стапица која била поставена врз словенска основа но со тенденција да бугаризира и затоа во втората половина на XIX век Македонците започнале борба против Егзархијата, борба која своја кулминација ја достигнува со појавата на Македонската револуционерна организација Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет. Црковно - училишните општини биле од особено значајни за развојот на културата и просвета на македонскиот народ, а долго време биле единствени институции во кои се зачувал и закрепнал националниот дух на Македонците Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006. Црковно-училишните општини егзистирале со до поделбата на Македонија, по што биле укинати и во зависност од поделбата бил воведен воспитно-образовниот сиситем на некоја од балканските држави.
Создавање на македонските општини
Во текот на владеењето на султанот Махмуд II се создале услови за развој на градовите на целата територија на Отоманското Царство, вклучетелно и во Македонија.
Махмуд II започнува со спроведување на низа реформи во разни општествени области. Со реформи дошло до развој на занаетчиството и градскиот живот. Во текот на 30-те и 40 -те годин на XIX век во градовите почнало да се подигаат голем број на цркви и училишта.
Во 1839 година наследникот на Махмуд, Абдул Меџит I ги продолжил реформите и во тој дух го издал Ѓилханскиот хатишерив со кој биле ветени голем број на права за сите поданици на Империја, а меѓу другото биле создадени услови за развој на црковно-училишниот живот. Во 1856 година бил донесен Хатихумајунот Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981, а врз основа на него во 1869 година бил донесен законот за подаништвото и народното образование.
Во духот на овие реформи како и од практични потреби најпрво се организирале граѓаните кој биле задолжени за подигање на црквите и училиштата, за развојот на црковно-училишниот живот, изноаѓање на учители и нивна издршка.
Во почетокот со црковно-училиштата раководеле богатите чорбаџии и владиците, овие пак биле или прогрчки настроени или Грци. Тоа пак влијаело во црковно-просветната дејност на општините и тие станале спроводници на грчката пропаганда, односно на грчкиот јазик и култура.
Навлегувањето на македонското граѓанство во општините бил долг процес и зависел од економската сила на секој град во Македонија. Оваа навлегување се одвивало во две релации:
1) Со изградба на нови цркви од страна на македонското граѓанство 2) Со економски притисок врз конзервативните елински настроени чорбаџии и со нивно сменување
Во првиот случај, при изградба на нова црква се формирал градежен одбор во кој влегувале претставници на македонските еснафи, а по изградбата на црквата тие станувале општина. Во вториот случај дошло до борба во која постепено биле истиснати старите чорбаџии и биле заменети со претставниците на македонското граѓанство Славко Димевски, Црковна историја на македонскиот народ, с. 92-102.
Честопати се случувало двата процеса да се преплетуваат меѓу себе во зависност од економската сила на двата табор и степенот на влијание на грцизмот. Меѓутоа во текот на неколку децении во XIX век дошло до остра диференцијација на двата табора и до преземање на општините од макеоднското граѓанство или до создавање на две општини во еден град, македонска или грчка Жан Натан, Българското възраждане, второ изд. София.
Првите црковно-училишни општини се формирале во Велес, Прилеп и Горна Џумаја, а со текот на времето дошло до создавање и во другите градови.
Структура
Новите општини, македонските во кои не било доминантно влијанието на грцизмот, се разликувале од старите чорбаџиски. Овие општини станувале институции со претставнички карактер, односно со оформен општински апарат. Се органнизирале избори за претставници на општината, а во овие избори учествувале еснафите и трговците, тие давале свои претставнци за членови на општината.
Општините донесувале правилници по кои се раководеле членовите. Општината се сосотоела од 8 до 12 члена, а раководството се сосотоело од претседател, благајник и црковен епитроп, а подоцна од редовите на членовите биле бирани и учителски настојатели.
Општините кои во подоцнежната фаза го носта името црковно-училишни општини имале свои приходи главно од завешатанијата на подвижен или неподвижен имот, доброволни прилози, подароци во пари и натура и др.
Црковно-училишните општини и покрај потиснувањето на елинскот елемент, официјално ја признавале Цариградската патријаршија, поради недостаток на автохтона црква.
Тоа пак овозможувало да имаат свои претставници во турските меџлиси (совети), каде што можеле да ги застапуваат интересите на христијанското население Во Османлиското Царство немуслиманските народи „народи од книга“ имале внатрешна религиозна самоуправа. Тие биле групирани според верските заедници кон кои припаѓале. Така, сето православно население се сметало за †Рум милет#, а негов духовен поглавар бил Цариградскиот патријарх. Под терминот „Рум милет“ првобитно се подразбирало сето православно население без разлика на неговата етничка припадност. Подоцна овој терминот стал синоним за †Грк# во етничка смисла на зборот без оглед на националнаната припадност. Оттука терминот †Рум милет# треба да се сфати само како верска конотација за припадност кон Цариградската патријаршија, а не во етничка смисла. Со формирањето на Бугарската егзархија во 1870 година, аналогно на милет системот се појавил терминот †Булгар милет#, што станало синоним за Бугарин, меѓутоа тоа повторно означува припадност кон одредена црква, а не национална припадност.
Компетенции
Во прво време општините имале потесни компетенции во областите на граѓанскиот живпот. Меѓутоа со развојот ја ширеле и својата компетенција и речиси целата активност на граѓанскиот живот го прерзеле врз себе, освен оние кој биле во надлежност на државата. Општините главно имале четири области на компетенција од граѓанскиот живот:
црковна просветна судска социјална
Во однос ма просветата некој од општините успеале уште многу рано да го преземат школството. Тие отворале училишта по градовите и селата, ангажирале и плаќале учители, се грижеле за набваката на учебните помагла и учебниците.
Меѓутоа таквите компетенции на општините биле резултат на една борба против Цариградската патријаршија, односно против нејзините претсавници и органи во Македонија. Овие права општините честопати ги извојувале сукцесивно, најчесто без согласност на Патријаршијата, оваа борба траела сè до 70-те години на XIX век, меѓутоа и до крајот на османлиското владеење во Македонија.
Поврзување на македонските општини
Општините и покрај тоа што успеале да издејствуваат голем број на права за себе, сепак тие претставувале институции од локален карактер, бидејќи немале своја заедничка институција, автохтона, односно автокефална црква, која би ги обединувала интерeсите на македонските општини и би ја кординирала нивната дејност.
Поврзувањето на општините во 60-те години на XIX век било многу ретко, а поради тоа се чувствувала потреба, особено поради решвање на проблемите во школството, од создавање на една повисока институција.
Општините не можеле да се надеваат на помош при отворањето на учлиштата на македонски народен јазик од страна на грчките владици и затоа секоја општина засебно се грижела за училиштатата и учителскиот кадар. Меѓутоа помалите и економско послабите општини не биле во состојба сами да ги решаваат тие прашања, затоа тие се обраќале до соседните општини кој понекогаш економски ги помагале.
Во процесот на поврзување на општините постојат две фази.
Манастир Зограф
Првата фаза била поврзувањето со словенските манастирите во Света Гора, првенствено со манастирот Зограф. Овој манастир како и манастирот Хилендар главно се пополнувал од Македонци, поради врската на Атон со Македонија.
Зографските монаси благодарение на приходите од бројните метоси во Македонија и Романија почнале да испраќаат од својата средина луѓе да се образуваат на повисоките школи во Москва и Атина, а подоцна при самиот манстир Зограф било отворено училиште на црковно-словенски јазик каде што се подготвувале учители за келијните училишта низ Македонија.
Зографските монаси почнале материјално да ги помагаат македонските црковно-училишни општини во поблиските градови како Кукуш, Дојран и др. за да отворат училишта на македонски народен јазик.
Монасите од овој манстир служеле и како посредници меѓу оделните општини во решавањето на проблемот околу распоредувањето на малубројниот учителски кадар по училиштата.
Најголема заслуга на манстирот Зограф е што тој претставувал еден вид на замена за организирана црква, која духовно би го поврзувала македонскиот народ. Преродбеникот Димитар Миладинов истакнал дека:
Обид за создавање на еднинствен црковно - просветен центар за Македонија
Втората фаза на поврзување е преку поголемите црковно-училишни оптини во Македонија, Солун, Битола и Скопје. Во 1882 година се датира еден обид за создавање на црковно - просветен центар за Македонија. Солунското граѓанство се обратило кон останатите македонските општини советувајќи ги во иднина да не кореспондираат дирекно со Егзархијата туку преку Солунската црковно - училишна општина, а со тоа требало да се создаде едниствен центар кој би требало сите македонски општини да ги претставува пред Егзархијата.
Во меѓувреме биле спроведени избори за црковно - училишната општина во Солун и новото раководство побарало да се измени уставот од 1871 година и да се донесе нов во кој би требало да се гарантира општинската самоуправа. Самата солунска општина пристапила кон изработка на еден заеднички устав за сите црковно - училишни општини во Македонија.
Обидот за создавање на единствен црковно - просветен центар за Македонија преку уставот за македонските општини останал нереализиран.
Оваа фаза не била реализирана до крај бидејќи општините не формирале свој црковно-училиштен центар, во црковен поглед општините биле подчинети на Бугарската егзархија, а со училиштата во Македонија раководел Училишниот одел од Цариград кој добивал пари дирекно од бугарската држава.
Македонските општини и Егзархијата
Егазрхијата била формирана на 28.02.1870 година со посебен султанов ферман и прва епархија во Македонија која била под јурисдикција на Егзархијата е Велешката епархија.
За прв претставник на Егзархијата во Македонија бил поставен архимандритот Дамаскин кој стапил на должност во 1872 година Александар Трајановски, Бугарска егзархија и македонското националноослободително движење (1893 - 1908), Скопје, 1982, 35..
Според член 10 од султановиот ферман со кои била основана Егзархијата, било дозволено доколку во рамките на една Црковно - училишна општина во Македонија со 2/3 мнозинство нејзините општинари одлучаат да се приклучаат кон Егархијата, да можаат тоа да го направаат.