Траве () — река во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Долга е околу 124 километри и тече од изворот близу селото Аренсбек во Источен Холштајн, па сè до Травеминде, кајшто се влева во Балтичкото Море (Либечки Залив). Тече низ местата Бад Зегеберг, Бад Олдесло и градот Либек, каде се поврзува со Каналот Елба-Либек. Реката е пловна за морски бродови од Балтикот до пристаништата на Либек.

Покрај разните мостови што ја сечат, под реката минува тунелот Херен, а по неа оди траект што го поврзува Травеминде со полуостровот Привал.

Притоки на Траве се реките Вакениц и Штепениц.

Надворешни врски

Тунел Херен

Категорија:Слив на Траве Категорија:Реки во Шлезвиг-Холштајн