Знамето на Чад (, ) — официјалното и национално знаме на оваа африканска држава. Знамето е составено до три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја. Знамето на Чад е исто со знамето на Романија, а слично е со знамето на Андора и знамето на Молдавија.
Сината боја ги симболизира надежта, небото и водата. Жолтата боја го симболизира сонцето и пустината во северниот дел од земјата. Црвената боја симболизира прогрес, обединетост и жртвување, но и се поврзува со крвта пролеана за независноста на државата.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Национални симболи на Чад Ч