Мозелфранконските дијалекти е група западни средногермански дијалекти, дел од среднофранконската јазична област. мини|лево|Средногерманското јазично подрачје. Мозелфранконскиот говор е со жолто. Наречјето е присутно во јужниот дел на Рајнската област и покрај реката Мозел, од областа Зигерланд во Северна Рајна-Вестфалија, ширум Рајнската област-Пфалц и Сар, јужниот дел на германската заедница во Белгија па сè до соседниот француски депарман Мозел и трансилваниската област на Романија, пред сè заради големите преселби на т.н. „трансилваниски Саксонци“ помеѓу 1100 и 1300 г., главно од подрачјата кајшто тогаш се говорел мозелфранконскиот говор. мини|десно|Поемата „Моето луле и јас“ (Mei Peef un eech) од Петер фон дер Мозел
Јазици Некои го сметаат луксембуршкиот јазик за вид на мозелфранконски дијалект, додека пак други принаваат само дека луксембуршкиот образува дијалектен континуум со мозелфранконските дијалекти што се говорат на германската страна од границата. Франконските дијалекти во француска Лорена обично се нарекуваат лоренски франконски дијалекти. трансилванискиот саксонски што се говори во Романија денес е загрозен јазик.
Поврзано Рајнскофранконски дијалекти — сродно соседно наречје
Литература Werner König: dtv-Atlas Deutsche Sprache. dtv-Verlag, München (Munich) 2005; ISBN 3-423-03025-9
Категорија:Горногермански јазици Категорија:Германски дијалекти Категорија:Средногермански јазици Категорија:Рајнска област