Павле Кузманоски (, ) е познат македонски академски сликар. Животопис

Кузманоски е роден во Тетово во 1939 година. Во 1966 година дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград, Србија. Неговото ателје се наоѓа во родното Тетово каде поседува огромна колекција на уметнички слики. Во 1989 година целосно ја живописува селската црква „Св. Атанасиј“ во тетовското село Фалише. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложби Кузманоски бил учесник на преку 250 групни изложби во земјата и странство.

1967 Тетово, Скопје (Везилка) 1968 Тетово, Скопје (Везилка) 1977 Нови Сад, (Мал ликовен салон) 1997 Mузеј на Град Скопје (30 години творештво 2005 Музеј на Град Скопје (Ретроспектива) 2007 Скопје, Национална галерија на Македонија Мала станица (40 години цртеж)

Награди

Кузманоски е добитник на повеќе награди: 1968 Ноемвриска награда за сликарство на град Тетово 1980 Награда ДЛУМ - цртеж при НУБ Климент Охридски Скопје 1986 Награда и Повелба за сликарство ЛИКУМ на Авторската агенција за СРМ 1998 Награда МЕТОДИЈА ИВАНОВСКИ - МЕНДЕ, Сликарство мал формат, КИЦ Скопје 2008 Награда за сликарство "Нерешки мајстори" - Годишна награда на ДЛУМ 2010 Прва награда за тема "ОСТЕН" на 38 Светска галерија на цртеж - Уметност на хартија 2013 Плакета Посебна награда на ОСТЕН - Светска галерија на цртеж 2о15 Остенов уметник на годината 2014 2015 Награда ЗЛАТЕН ОСТЕН 2021 „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста

Библиографија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Волшебно огледало на тетовската душа - Документарна емисија за животот и делото на академскиот сликар Павле Кузмановски на ТВ КИСС

Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Македонски сликари Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“