Вестморленд (англиски: Westmoreland County) — округ во Северен Нек во сојузната американска држава Вирџинија. Според пописот од 2000 година, округот има околу 16.718 жители и главен центар на округот е градот Монтрос. Овој округ е познат по тоа што е родно место на првиот американски претседател - Џорџ Вашингтон. Вашингтон е роден во тогашната населба Бриџес Крик, а овој округ е родно место и на петтиот американски претседател - Џејмс Монро, меѓу останатите видни американски општественици од Вестморленд.Marquis, A.N. Company. Who's Who In America, vol. 1:Historical Volume (1607-1896), revised ed., Marquis, A.N. Company., 1967.

Географија

Според Заводот за статистика на САД, округот има вкупна површина од 655 км2, од кои 593 км2 се земја, а 60 км2 се вода. Овој округ се наоѓа на полуостровот Северен Нек во сојузната држава Вирџинија.

Округот Вестморленд граничи со следните окрузи:

Округ Чарлс - север Округ Сент Мери - североисток Округ Нортамберленд - југоисток Округ Ричмонд - југ Округ Есекс - југозапад Округ Кинг Џорџ - југозапад

Градови Колониал Бич Монтрос

Поврзано Вирџинија Национален споменик на родното место на Џорџ Вашингтон Окрузи во Вирџинија

Наводи

Надворешни врски Трговска комора на округот Вестморленд Гувернер на округот Вестморленд Историја и генеологија на округот Вестморленд

Категорија:Окрузи во Вирџинија