Правото на Европската Унија(во историјата познато како Правото на Европската заедница) е тело на договори, закони и судски пресуди кои функционираат паралелно со правниот систем на секоја земја-членка на Европската Унија.
Примарниот извор на законодавството на ЕУ се нејзините договори. Овие договори и даваат моќ на ЕУ да поставува широко политички цели и да формираа иснтитуции кои, меѓу другото, усвојуваат закони за остваравање на тие цели. Законодавните акти на ЕУ имаат две форми: регулативи и директиви. Регулативите добиваат правно значење во сите земји-членки тогаш кога ќе стапат на сила, без обврска за спроведување на какви било мерки со цел автоматски да се избегнат конфликтните домашни одредби. Директивите бараат секоја земја-членка да постигне одредени резултати допуштајќи им право сами да го изберат начинот за тоа како да ги постигнат резултатите. Деталите за тоа како тие се спроведуваат им се препуштаат на земјите-членки. Законодавството на ЕУ произлегува од одлуките донесени на ниво на ЕУ, иако во голема мера тоа се случува и на национално ниво. Според тоа, принципот на еднаквост е централна тема во донесувањето на сите одлуки од страна на Европскиот суд на правда кој има за цел да обезбеди примената и интерпретацијата на законодавството на ЕУ да не се разликува меѓу земјите-членки.
Историја и развој
Развојот на правото на Европската заедница е во голема мера моделирано од страна на Европскиот суд на правда (ЕСП). Всушност, во пресвртниот случај на Ван Генд ен Лос во 1963 година, Европскиот суд на правда пресуди дека Европската заедница, преку волјата на земјите-членки изразена во Договорот од Рим, „претставува нов правен поредок на меѓународното право со кој земјите-членки ги ограничуваат своите суверени права, секако, во рамките на одредени полиња.“ Разликата помеѓу правото на Европската заедница (ЕЗ) и правото на Европската Унија (ЕУ) се заснова врз структурниот договор на Европската Унија. Европската заедница претставува еден од „трите столба“ на Европската Унија и се занимава со социјалните и економските телеми на единствениот пазар. Вториот и третиот столб беа создадени со Договорот за Европската Унија (Мастришкиот договор) што доведе и до појава на Заедничката политика за безбедност, одбрана и внатрешна безбедност. Процесот на донесување одлуки во вториот и третиот столб не е предмет на мнозинско гласање во моментов. Со Мастришкиот договор, се создаде и третиот столб наменет за правда и внатрешни работи. Следствено на тоа, со Амстердамскиот договор, областите како нелегална имиграција, визи, азил и судска соработка беа префрлени во Европската заедница (првиот столб). Сега, третиот столб е полицијата и судската соработка во областа на кривичните прашања. Правдата и внатрешните работи, сега се однесуваат и на областите кои се пренесени на ЕЗ и на третиот столб. Некои начела како што се супсидијарност, пропорционалност, принципот на пренесување и принципот на правна сигурност станаа познати во развојот на правото на Европската Унија. Научниците, како што е Кетрин Бернанд, тврдат дека четирите слободи го формираат материјалното право на ЕУ: слободно движење на добра, услуги, капитал и труд во рамките на внатрешниот пазар на ЕУ.
Извори на правото
Договори
Примарното законодавтсво, односно договорите, се всушност уставното право на Европската Унија. Нив ги создаваат Владите на сите земји-членки на ЕУ преку конзенсус. Тие ги утврдуваат основните политики на Унијата воспоставувајќи ја нејзнината институционална структура, законодавни постапки и моќ. Договорите кои го сочинуваат примарното законодавство се:
Договорот на ЕЗЈЧ од 1951 годнна (Договорот од Париз)
Договорот на ЕЕЗ од 1957 година (Договорот од Рим, Договор за функционирање на Европската Унија)
Договорот за Евроатом од 1957 година (Договорот од Рим)
Договорот за спојување од 1965 година
Актите за пристапување на Обединетото кралство, Ирска и Данска (1972)
Буџетскиот договор од 1970 година
Буџетскиот договор од 1975 година
Актот за пристапување на Грција (1979)
Актите за пристапување на Шпанија и Португалија (1985)
Единствениот европски акт од 1986 година
Мастришкиот договор од 1992 година (Договорот за Европската Унија)
Актите за пристапување на Австрија, Њведска и Финска (1994)
Договорот од Амстердам од 1997 година
Договорот од Ница од 2001 година
Договорот за пристапување од 2003 година
Договорот за пристапување од 2005 година
Лисабонскиот договор од 2007 година
Многубројните дополнувања и протоколи на овие договори, исто така, се сметаат за извор на примарното законодавство.
Законодавство
Договорите овозможуваат усвојување на законодавството и другите правни акти со цел да и се овозможи на ЕУ да ги оствари целите утврдени во договорите. Сепак, договорите немаат основано ниту едно тело како законодавно тело иако законодавната власт се проширува низ институциите на Европската Унија каде главните глумци се: Советот на Европската Унија (или Советот на министри), Европскиот парламент и Европската комисија. Релативната моќ на одредена институција во законодавниот процес зависи од употребената законодавна постапка која пак и самата зависи од политиката на областа за која се однесува предложеното законодавство . Во некои области, тие учествуваат подеднакво во создавањето на правото на ЕУ, а во други пак системот е доминиран од страна на Советот. Договорите на Европската Унија утврдуваат на кои постапки подлежат соодветни области.Целото законодавство на ЕУ мора да се заснова на конкретен член од договорот, наведен како негова правна основа. Законодавството на Унијата се дели на: директиви и регулативи. Директивите ги поставуваат целите (понекогаш прилично прецизно), но нивното спроведување им се препушта на земјите-членки на ЕУ. Регулативите директно се применуваат во земјите-членки и стапуваат на сила без потреба за спроведување на мерките. Другите правни акти вклучуваат ,исто така, и одлуки, препораки и мислења.
Одлуки на судот
Европскиот суд на правда веќе долго време игра клучна одлука во развојот на правото на ЕУ, главно преку изразувањето на правните принципи како што се директен ефект и супремација (превласт, надмоќ). Тој, исто така, има надлежност во решавањето на различните специфични прашања кои произлегуваат од договорите. Особено член 220 каде ЕЗ го назначува Европскиот суд за правда (и Првостепениот суд), да обезбеди „толкување и примена на договорот“, одредба штосудот ја искористи за да ја прошири својата моќ. Со Мастришкиот договор, судот се овластува и да наметне парични казни на земјите-членки кои не го почитуваат тоа. Судот го потпомага обликувањето на правото на ЕУ и затоа често неговиот пристап е опишан како целосен и телеологичен. Правото на судот, заедно со правото на судовите на секоја земја-членка, воспостави и одреди еден куп начела на правото на Европската Унија, кои ги обврзуваат институциите на ЕУ, како и земјите-членки, вклучувајќи ги директниот ефект, супремацијата на Европската Унија врз земјите-членки и државната одговорност за оштета.
Според Договорот, судот се состои од по еден судија од секоја земја-членка, па според тоа од 2007 година, судот е составен од 27 судии. Судиите се избираат „со заедничка согласност на Владите на земјите-членки“ за (обновлив) период од шест години. Работата на судот е потпомогната од страна на осум општи адвокати. Судот обично заседава со тројца или петтмина судии, но во некои особено важни случаи со судот заседава и еден судија како голем судски совет од 13 судии.
Општиот суд (порано наречен Првостепен суд) беше основан врз основа на Единствениот европски акт во 1988 година, пред Лисабонскиот договор да стапи на сила. Првобитно, тој беше приврзан за Европскиот суд на правда во чиј склоп играл помошна улога. Со Договорот од Ница, тој се стекнал со поголема независнот и сопствено право. Правото на Општиот суд вклучува директни дејствувања од страна на правни или физички лица против институции на Заедницата за нивните дела (или неуспехот да се дејствува), дејствување од страна на земјите-членки против Заедницата и дејствувања поврзани со трговските марки на Заедницата.
Според Договорот, Судот се состои од по еден судија од секоја земја-членка, па според тоа од 2007 година, судот се состои од 27 судии. Судиите се избираат „со заедничка согласност на Владите на земјите-членки“ за (обновлив) период од шест години. Работата на Судот е потпомогната од страна на осум општи адвокати. Судот обично заседава со тројца или петтмина судии, но во некои особено важни случаи со судот заседава и еден судија како голем судски совет од 13 судии.
Правни начела
Супремација (надмоќ, превласт)
Европскиот суд на правда повеќепати пресуди дека правото на ЕЗ (Европската заедница – првиот столб) е супериорно во однос на националното право на земјите-членки. Кога се појавува конфликт помеѓу правото на ЕЗ и правото на една земја-членка , во преден план е правото на ЕЗ така што правото на земјата-членка може да не се применува. Оваа доктрина, позната како супремација на правото на ЕЗ, се појавува од Европскиот суд на правда во случајот на Коста в Енел (Costa v ENEL.). Г-дин Коста бил државјанин на Италија кој се спротивставувал на национализирањето на италијанската енергетска компанија ЕНЕЛ (ENEL) бидејќи тој имал акции во неа. Тој одбил да ги плати неговите сметки за струја во знак на протест и тврдел дека национализирањето го повредува правото на ЕЗ и го изобличува нејзиниот пазар. Италијанската влада сметала дека тоа не било проблем за кој еден поединец би можел да се жали, откако за тоа било донесена одлука во склоп на националното право. Судот пресудил во корист на Владата бидејќи соодветниот договор владее на неизобличен пазар што е еден од фактите за кои Комисијата може да ја оспори италијанската влада. Како поединец, г-дин Коста немал углед за да ја оспори одлуката бидејќи одредбата на тој договор немала директен ефект. Но, тој имал можност да го сврти вниманието на правото на ЕЗ кон националната власт со помош на судска постапка пред судовите на неговата земја-членка. Сепак, Европскиот суд на правда не се сложил со италијанската влада. Тој пресудил дека правото на ЕЗ би немало ефект доколку г-дин Коста не би можел да го оспори националното право врз основа на неговата наводна неусогласеност со правото на ЕЗ. Од сето ова, може да се заклучи дека правото кое произлегува од Договорот, кој е независен извор на правото, поради неговата специјана и оригинална природа, не би можело да биде преоптоварено со домашни законски одредби, иако врамени, без лишување на неговиот карактер како право на Заедницата и без правната основа на самата Заедницата да се доведе во прашање. Сеак, иако правото на Заедницата е прифатено во преден план во однос на националното право, не сите земји-членки ја споделуваат анализата на европските институции за тоа зошто националното право има поголем ефект при појава на конфликт. Највисоките судови на многу земји се изјаснија дека правото на Заедницата има предност доколку тоа ги почитува основните уставни начела на земјите-членки, крајната пресуда на било која земја-членка (поточно, судот на таа земја-членка) отколку на институциите на Европската Унија. Ова ја одразува идејата дека земјите-членки остануваат „Господар на Договорите“ како и основа за ефект на правото на ЕЗ. Во други случаи, предноста на правото на Заедницата се внесува во нивните устави. На пример, Уставот на Ирска содржи клаузула според која, „Ниту една одредба од овој Устав не ги поништува донесените закони, акти или мерки усвоени од страна на државата кои се нужни за обврските од членството во Европската Унија или Заедницата ...“